Македонија
ИВЗ: Побаравме обнова на Араста Џамијата, но одговор нема

Исламската Верска Заедница достави барање до Општина Чаир за обнова на Араста џамијата во Стара скопска чаршија, но одговор се уште немаме добиено, вели скопскиот муфтија Хаџи Ибрахим ефенди Шабани.
Исламската Верска Заедница достави барање до Општина Чаир за обнова на Араста џамијата во Стара скопска чаршија, но одговор се уште немаме добиено, вели скопскиот муфтија Хаџи Ибрахим ефенди Шабани. Од ИВЗ велат дека од општината го пробиле законскиот рок од 15 дена за одговор на нивното барање. „Констатираме дека една таква дозвола, за жал, не може да се обезбеди од еден претседател на една албанска општина како што е општина Чаир – Скопје од причини за кој самиот тој треба да ги наведе. Со закон на едно службено барање треба да му се даде одговор во рок од 15 дена, било да е позитивен или негативен. Во спротивно молкот на администрацијата подразбира позитивна согласност во врска со ова барање“, вели муфтијата Шабани. Од ИВЗ велат дека ја имаат обезбедено целата документација за обнова на џамијата. Од конзерваторскиот центар на ниво на град Скопје биле упатени документацијата да ја поднесат во општина Чаир, од каде, според нив, им бил земен целиот проект и не им била вратена документацијата. Поради ова, сметаат од ИВЗ, Националниот конзерваторски центар на чело со директорот Бехиџудин Шехапи нема надлежност да се противи на обновата на Араста џамијата. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Аеродром и Центар денеска без вода

По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека денеска поради планирани зафати без водоснавбдување ќе останат:
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф- 100мм на ул.Пандил Шишков 9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица на високата зона од број 1 до бр.49 и дел од корисниците на ул.Вангел Тодоровски, Руди Чаевац, и Коста Новаковиќ, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот, општина Аеродром;
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф-400мм на ул.Мирче Ацев, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.Кочо Рацин, Славко Јаневски (по старо Стив Наумов), Тетовска, Славе Георгиевски Шнајдерот и дел од Бул.Крушевска Република, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот, општина Центар.
Македонија
Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност

Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во сабота во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме. Локален дожд ќе има и во понеделник претпладне, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето.
Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.