Европа
Русија: Естонски офицер осуден на 15 години тешка работа поради шпионажа

Псковскиот областен суд припадникот на припадникот на естонските безбедносни служби Естон Кохвер, обвинет за шпионажа, во средата е осуден на 15 години физичка работа, што може да предизвика нови тензии меѓу Русија и поранешната советска република Естонија, на којашто Москва ѝ забележува и за непочитување на човековите и граѓански права на руското малцинство.
Естон Кохвер беше уапсен во септември 2014 година под обвинение дека Естонецот е уапсен на руска територија, но Естонија тврди дека бил грабнат под закана со оружје на граничен премин.
Москва тврди дека Кохвер е уапсен на руската страна од границата, а кај него биле пронајдени пиштол од марката „Таурус“ и муниција, посебна опрема за тајно аудио снимање, околу 5.000 евра во готовина и документи кои судот ги оцени како „доказ за разузнавачка мисија“. Талин, пак, тврди дека тој се обидувал да „спречи илегални активности“ на границата „кога бил грабнат“.
Судот во Псков го осуди Кохвер на 15 години престој во поправителна колонија, каде осудениците извршуваат физичка работа, и со глоба од 100.000 рубљи, односно 1.380 евра. За време на судењето во Псков се собраа дипломати на Естонија и од Европската унија во знак на протест против пресудата.
„Остро ја осудуваме пресудата изречена за Естон Кохвер, а неговото илегално заточение претставува тешка повреда на меѓународните право коешто го изврши Руската Федерација“, објави естонскиот премиер Таави Роивас на Twitter.
И Европската унија објави дека Кохвер е „илегално заточен“ во Русија и повика на негово „моментално ослободување“. „На Кохвер му е ускратено правото на чесно судење. Немаше јавно рочиште во овој случај“, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.
„Заедно со нашите сојузници и партнери имаме намера да продолжиме со меѓународниот притисок се додека Естон Кохвер не биде ослободен и додека не се врати дома кај своето семејство“, изјави естонската министерка за надворешни работи Марина Куљуранд./крај/мф/сн
Извор: TACC/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.