Свет
Киев губи заради трговската војна со Москва
Затворањето на рускиот пазар за украинските компании и нанесе на Украина загуба од најмалку 15 милијарди долари, соопшти украинскиот претседател Петро Порошенко.
„Агресивното затворање на рускиот пазар беше економски шок за Украина. Загубивме над десетици или дури стотици илјади работни места, а оваа економска агресија е клучна причина за падот на животниот стандард“, рече Порошенко во годишното обраќање во украинскиот парламент.Тој додаде дека практично една третина од украинскиот извоз отпаѓа на рускиот пазар, но во моментот тој процент е во пад.„Уделот на Русија во украинскиот извоз во моментот изнесува девет отсто и опаѓа“, рече Порошенко.Москва и Киев тргуваа во согласност со договорот за слободна трговија склучен меѓу Заедницата на независни држави пред стапувањето на сила на договорот за зона на слободна трговија меѓу ЕУ и Украина во јануари оваа година.Потоа, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој од почетокот на оваа година е суспендиран договорот за слободна трговија со Украина.Официјален Кремљ забрани увоз на храна од Украина како одговор на придружувањето на Киев на антируските санкции.Како контра мерка, Украина на 10 јануари оваа година забрани увоз на прехранбени производи од Русија. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.
Свет
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Бербата започнува веќе во октомври.