Европа
Изјава на политичар за фудбалерот Боатенг ја крена Германија

– Александар Гауланд (AfD)
Изјавата на потпретседателот на евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), Александар Гауланд, во којашто наводно рекол дека германскиот фудбалски репрезентативец Џером Боатенг е добар фудбалер, но дека Германците не го сакаат за свој сосед, предизвика бурни реакции во земјата.
Изјавата на потпретседателот на евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), Александар Гауланд, во којашто наводно рекол дека германскиот фудбалски репрезентативец Џером Боатенг е добар фудбалер, но дека Германците не го сакаат за свој сосед, предизвика бурни реакции во земјата.
„Луѓето Боатенг го сметаат за добар фудбалер, но не го сакаат за сосед“, рекол Гауланд во интервјуто според интерпретацијата на Frankfurter Allgemeine Zeitung.
На Џером Боатенг, фудбалер на минхенски Баерн и на германската репрезентација, татко му е по потекло од Гана а мајка му е Германка. Тој во моментов е на подготовки со репрезентацијата на европското првенство кои за десетина дена започнува во Франција и засега не реагираше на изјавата на Гауланд.
Боатенг, кој е роден во Берлин, е еден од неколкуте германски фудбалери кои се со мешано потекло.
Претседателот на германската фудбалска асоцијација Рејнхард Гриндел изјави дела станува збор за злоупотреба на репрезентацијата за политички пораки. „Боатенг е одличен играч и прекрасен човек“, рече Гриндал.
Германскиот министер за правосудство Хеико Маас изјави дека изјавата е „неприфатлива“, а министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер дека секој Германец би требало да биде среќен да го има Боатенг за соиграч, сограѓанин или сосед.
Претседателката на AfD, Фрауке Петри, му се извини на Боатенг, но додаде дека Гауланд ѝ кажал дека не дал таква изјава. Новинарите на Frankfurter Allgemeine Zeitung, пак, тврдат дека имаат снимка./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин