Контакт

Европа

Баварија критикувана за плановите за формирање ‘центри за депортација’ за балканците

Објавено пред

 Владата на сојузната германска држава Баварија се најде во вторникот на удар на жестоки критики откако ги објави плановите за отворање на таканаречени „депортациски центри“ за економските имигранти, и тоа повеќето од Балканот, чиишто барања за азил најверојатно ќе бидат одбиени.

dobivaj vesti na viber

Баварскиот премиер Хорст Зеехофер, кои исто така е претседател на конзервативна Христијнско-социјална унија (CSU) која е сестринска партија на Христијнско-демократската унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел, изјави изминатиот викенд дека такви два „центра за депортација“ ќе бидат изградени недалеку од границата со Австрија, и оти во нив ќе бидат сместени имигрантите од земјите кои се класификувани како сигурни, какви што се земјите од Балканот, и коишто веројатно ќе бидат депортирани.

Зеехофер тврди дека групирањето на економските имигранти повеќето од Албанија, Црна Гора и од Косово, би претставувало ефикасен начин за прибирање на барањата за азил и забрзување на депортацијата.

Социјалдемократите и опозицските партии го обвинија Зихофер дека се обидува да добие политички бодови и да предизвика антиимигрантско расположение во времето кога има сé повеќе десничарски напади врз имигрантите ширум Германија.

„Зеехофер би требало да биде свесен дека вознемирувањето на бегалците не е нешто што ќе биде простено во коалицијата со SPD“, изјави Ралф Штегнер, заменик претседател на германските социјалдемократи, предупредувајќи го Зеехофер за „запаллива реторика“.

„CSU не се занимава со барање политичко решение за сé поголемиот број бегалци, туку води насочена политика против имигрантите кои бараат засолниште во богатата Баварија“, изјави членката опозициската партија на Зеланите, Маргарете Баусе.

Имиграцијата е спорно прашање за Германија каде што навалицата на азиланти без преседан е голем товар за јавните служби. Се очекува дека во текот на оваа 2015 година околу 400.000 луѓе ќе поднесат барање за азил во Германија.

Во февруари годинава податоците покажаа дека доселувањето на Германија во текот на минатата 2014 година било за 20 отсто повеќе во однос на претходната 2013 година, и во првите шест месеци од ланската година се доселиле 667.000 луѓе.

На почетокот од 2014 година беше укината со седумгодишните преодни ограничување на Европската унија за романските и бугарските државјани. Од 667.000 луѓе пристигнати во Германија во минатогодишното прво полугодие, најмногу доселеници има од Романија, 98.000, па следат Полјаците 96.000, Бугарите со 38.000 а од најмладата членка на ЕУ – Хрватска ги имало 21.000 доселеници што е 202 отсто повеќе отколку во првите шест месеци од 2013 година.

Доселувањето стана важно политичко прашање во Германија, особено по појавувањето на граѓанското движење и масовното собирање што тоа ги организира Родољубиви Европејци против исламизирањето на Западот (Pegida).

Водечките политичари во земјата започнаа со дискусиите за можната ревизија на законот за доселување. Имено, според германскиот државен завод за статистика, оваа е четврта година со ред да се зголемува бројот на доселениците во Германија.

Во првите шест месеци од ланската година од Германија, пак, се иселиле 427.000. Статистичарите велат дека податоците за доселувањето и иселувањето се блиску поврзани, бидејќи многумина доаѓаат во Германија во потрага за работа или азил, па за неколку месеци заминуваат доколку не им се остварат плановите.

Малку помалку од 200.000 доселеници од Германија пристигнале надвор од Европа. Голем пораст е забележан во доаѓањето на бегалците од Сирија, кои во првото полугодие од минатата година ги имало 22.000, што е за 242 отсто повеќе од истиот период претходната година.

Исто така, и бројот на баратели на азил го достигнал нивото коешто не е забележано од почетокот на 1990-те. Минатата година азил во Германија побарале вкупно 202.834 луѓе, или 60 отсто повеќе отколку во претходната 2013 година./крај/мф/сн

Извор: DPA

Европа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Објавено пред

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени на „несоодветно допирање, навреди и понижување во атмосфера на контрола и постојано вознемирување“. Обвинувањата беа објавени по тригодишна истрага, објавува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Жените, куќна помошничка и физиотерапевт вработени во вилите на Иглесијас во Доминиканската Република и на Бахамите, тврдат дека наводните напади се случиле во 2021 година.

Тригодишна истрага
Обвинувањата произлегуваат од заедничка истрага на шпанскиот портал elDiario.es и телевизиската мрежа Univision Noticias, кои собраа сведоштва од 15 поранешни вработени кои работеле за 82-годишниот пејач помеѓу крајот на 1990-тите и 2023 година.

„Интервјуата ги опишуваат условите за изолација на жените, работните спорови, хиерархиската структура на персоналот и напнатата атмосфера создадена од избувливата природа на Иглесијас“, се вели во својот извештај на elDiario.es.

„Двете жени кои го пријавија сексуалниот напад беа интервјуирани повеќе пати во период од повеќе од една година и нивните искази останаа конзистентни. Нивните искази беа поткрепени со обемни документарни докази, како што се фотографии, дневници на повици, пораки на WhatsApp, визи, медицински извештаи и други документи.“

Детали за сведочењето
Една од жените, идентификувана под псевдонимот Ребека за да се заштити нејзиниот идентитет, изјави дека Иглесијас, тогаш 77-годишен, често ја канел во својата соба на крајот од работниот ден. Таа тврдеше дека потоа сексуално ја злоупотребил без нејзина согласност. „Ме користеше речиси секоја вечер“, изјави таа за elDiario.es и Univision Noticias. „Се чувствував како предмет, како роб“.

Според Ребека, нападите обично се случувале во присуство и со учество на друг вработен кај Иглесијас, кој бил нејзин претпоставен.

Друга жена, позната под псевдонимот Лаура, изјави дека Иглесијас ја бакнувал и ги допирал нејзините гради без нејзина дозвола. „Бевме на плажа и тој дојде до мене и ме допре“, рече таа, додавајќи дека сличен инцидент се случил покрај базенот во вилата на пејачот во Пунта Кана.

Двете жени рекоа дека работниците биле подложени на напната и контролирачка атмосфера и зборуваа за тоа како Иглесијас „ја нормализирал злоупотребата“. Ребека рече: „Таа куќа треба да се нарече куќа на ужаси затоа што е кошмар – нешто навистина ужасно“.

Поднесена жалба и реакции
ElDiario.es објави дека две жени поднеле формална жалба до обвинителите во највисокиот кривичен суд во Шпанија, обвинувајќи го Иглесијас за трговија со луѓе и сексуален напад.

Новинарите што го истражуваат случајот постојано се обидуваат да го контактираат Иглесијас и неговиот адвокат, но не добиле одговор. Сепак, жената што Ребека ја идентификуваше како нејзин претпоставен во вилата во Пунта Кана ги отфрли обвинувањата како бесмислени.

Таа рече дека чувствува само „благодарност, восхит и почит кон големиот уметник и човечко суштество каков што е тој“, опишувајќи го како „скромен, дарежлив, вистински господин и голем почитувач на сите жени“.

Шпанската министерка за труд Јоланда Дијаз го нарече сведочењето на жените „ужасно“, велејќи дека тие опишале „сексуален напад и ситуација на ропство“.

Од друга страна, Изабел Дијаз Ајусо, претседателка на мадридскиот регион, застана во одбрана на Иглесијас. Таа рече дека нејзината администрација нема да ги послуша повиците да му се одземат почестите на пејачот. „Мадридскиот регион никогаш нема да придонесе за дискредитирање на уметник, а уште помалку кога станува збор за најуниверзалниот од сите пејачи: Хулио Иглесијас“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Се огласија родителите на девојката која ги носеше прскалките во барот во Швајцарија: Се обидела да избега, вратата била заклучена, а потоа се онесвестила

Објавено пред

Родителите на 24-годишната Сијан Панин, келнерка која загина во пожар на новогодишната ноќ во барот „Le Constellation“ во Кран-Монтана, Швајцарија, за прв пат јавно проговорија за последните моменти од животот на нивната ќерка и околностите на трагедијата во која загинаа 40 лица, а 116 беа повредени.

dobivaj vesti na viber

Сијан Панин била една од вработените во барот каде што избувна пожарот на новогодишната ноќ.

Според досега познатите информации, младата жена во еден момент носела шишиња шампањ со запалени прскалки, седејќи на рамената на маскирано лице.

Видеото од тој момент го обиколи светот. Истражителите се сомневаат дека прскалките ја запалиле звучната изолација на таванот, која била лесно запалива, а пожарот се проширил низ целиот простор за само неколку минути.

Иако јавно се тврдеше дека Сијан ненамерно го предизвикала пожарот, нејзиното семејство и адвокат нагласуваат дека ова се прерани заклучоци и дека одговорите можат да се дадат дури откако ќе заврши истрагата.

Адвокатката на семејството, Софи Хени, истакнува дека Сиан не била задолжена за послужување на масите таа вечер, туку, поради големиот број нарачки, сопственикот на ресторанот ѝ наредил да се спушти во подрумот и да им помогне на колегите.

– Сијан никогаш не била предупредена за опасноста од запаливиот таван, ниту пак добила никаква обука за противпожарна безбедност. Таа несомнено е жртва, рече адвокатот, додавајќи дека трагедијата немаше да се случи доколку се почитувале безбедносните прописи.

Откако избувнал пожарот, Сијан, според нејзините родители, се обидела да избега низ излезот за итни случаи во подрумот, кој добро го знаела. Сепак, вратата кон тој излез била заклучена. Пријателите подоцна ја пронашле без свест пред вратата, откако успеале да ја скршат однадвор.

– Ја извлекле. Таа сè уште била жива, но без свест, рече нејзината мајка Астрид.

Родителите не можат да разберат зошто вратата за итен излез била заклучена: „Сопственикот се плашеше дека луѓето ќе си заминат без да платат. А масите чинеа илјада евра секоја. Да беше вратата отворена, сите деца ќе излезеа. Можеби тогаш воопшто немаше да има смртни случаи“, рече мајката.

Според записите добиени од швајцарските медиуми, сопственикот на барот, Жак Морети, се обидел да влезе во барот откако избувнал пожарот.

Главниот влез бил непрооден, а кога влегол низ вратата за итен случај, ги нашол заклучени внатре. Зад вратата, пронашол неколку луѓе како лежат неподвижни на подот, вклучувајќи ја и Сијан.

„Се обидувавме да ја реанимираме повеќе од еден час, сè додека спасувачите не ни кажаа дека е предоцна“, рече Морети.

Неговата сопруга и ко-сопственичка на ресторанот, Џесика Морети, им кажа на полицајците дека Сијан ѝ била како помлада сестра и дека го поминала Божиќ со нивното семејство.

По трагедијата, родителите Астрид и Жером и нивната друга ќерка Еолин веднаш отпатувале во Швајцарија за да го идентификуваат телото и да го организираат транспортот на останките во Франција. Сијан Панин беше погребана минатата сабота.

– Таа беше како зрак сончева светлина. За нас сонцето не изгреало од почетокот на 2026 година. Постои време за тага и време за одговорност и гнев. Мислам дека гневот брзо ќе победи, рече нејзиниот татко Жером.

Истрагата за причините за пожарот и одговорноста за една од најголемите новогодишни трагедии во Швајцарија сè уште е во тек.

Прикажи повеќе...

Европа

Бројот на умрени во Франција за прв пат од Втората светска војна го надмина бројот на родени

Објавено пред

Франција евидентираше повеќе умрени отколку родени во 2025 година за прв пат од крајот на Втората светска војна, со што се намали нејзината долгогодишна демографска предност во однос на другите земји од Европската Унија, покажаа официјалните податоци.

dobivaj vesti na viber

Националниот институт за статистика INSEE објави дека минатата година починале 651.000 луѓе, а се родиле 645.000 бебиња, бројка што постепено се намалува од пандемијата на коронавирусот.

Франција традиционално е демографски посилна од повеќето други европски земји, но стареењето на населението и опаѓањето на стапките на наталитет покажуваат дека дури ни таа држава не е имуна на демографската криза што ги оптоварува јавните финансии низ Стариот континент.

INSEE објави дека стапката на фертилитет паднала минатата година на 1,56 деца по жена, најниско ниво од Првата светска војна и далеку под 1,8 предвидени од советодавниот совет за пензии во своите прогнози за финансирање на пензии. Во 2023 година, последната година за која беа направени споредби со другите членки на ЕУ, Франција се рангираше на второ место со стапка на наталитет од 1,65, зад Бугарија, која имаше стапка од 1,81.

Националната канцеларија за ревизија минатиот месец предупреди дека демографската промена во наредните години ќе ги доведе јавните расходи до нивоа од ерата на пандемија, а воедно ќе ја намали даночната основа.

Иако бројот на смртни случаи е поголем од бројот на раѓања, населението на Франција малку се зголеми на 69,1 милиони минатата година поради нето миграцијата, која според INSEE е проценета на 176.000.

Очекуваниот животен век достигна рекордно високо ниво минатата година – 85,9 години за жени и 80,3 години за мажи – додека процентот на оние на возраст од 65 години или повеќе кои живеат се искачи на 22 проценти, речиси изедначувајќи го процентот на оние под 20 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Македонија2 часа

Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ

Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ. „Сите што...

Свет3 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет4 часа

Сестрата на Ким Јонг Ун: Надежите на Јужна Кореја за подобри односи со Северот се само илузија

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, изјави дека надежта на Јужна Кореја за подобрени односи е...

Свет4 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија4 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет12 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа12 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија16 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа16 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет17 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет17 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија17 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија19 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија21 час

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија22 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија22 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија22 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија23 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија1 ден

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...