Европа
Црвениот крст ја критикува ЕУ и бара хуманитарни коридори

Европската унија потполно потфрли во актуелната бегалска криза и државите од југоисточна Европа на цедило, иако уште пред два месеца беше јасно дека бегалскиот бран од Италија ќе се префрли на балканската рута и ќе се интензивира поради очекување на студените денови, изјави во разговорот за љубљанскиот весник Delo во вторникот, потпретседателот на Меѓународната организација на Црвениот крст, Франческо Рока, оценувајќи дека најдобро решение за оваа криза е воспоставувањето на хуманитарните коридори за префрлување на бегалците во Европа.
„Не станува збор во Хрватска или реакциите на бегалците во Словенија, туку за соите држави во ЕУ коишто на досегашните состаноци не постигнаа ништо конкретно, па системот во целост откажува“, вели Рока.
Додава дека Европската унија навреме не ги уважила предупредувањата од хуманитарните организации, како Црвениот крст и Црвената полумесечни, како и дека останала глува на повиците добро да се подготви за бегалскиот бран од камповите во соседните земји на Сирија и Ирак, бидејќи Ирачаните и Сиријците во нив престојуваат повеќе години и оти е нормално да се очекува дека ја загубиле сета надеж за враќање во татковината, и започнуваат да се преселуваат кон Европа, иако не е збор за традиционално номадски народи.
„Мораме да бидеме подготвени дека ваквите миграции во иднина ќе бидат континуитет и дека овој бран ќе потрае, вели Рока, критикувајќи ги земјите од Европската унија поради тоа што не можат да се договорат за конзистентна имиграциска и азилантска политика, па дури ниту за квотите за азилантите, а земјите во регионот ни кои тие патуваат кон својата цел ги оставаат на цедило.
„Државите коишто се соочуваат со бегалската криза редовно се препуштени самите на себеси и нема брза реакција. Европскиот систем едноставно не делува како тогаш кога се расправаше за економските проблеми на Грција и кога решенијата се носеа на живите дискусии длабоко во ноќта“, вели Рока оценувајќи дека најдоброто решение би било преку хуманитарни коридори преку кои бегалците би биле пренесувани во Европа.
Воспоставувањето хуманитарни коридори би оневозможило на нив како над „робовски работници“ некои да заработуваат, некои политичари и влади да шират ксенофобија, а најмногу профит на нив остваруваат оние коишто ги контролираат илегалните канали за префрлување на бегалците и имигрантите.
„Секој европски договор кој би бил изнајден, мора да го уважува човечкото достоинство, а решението е и во воспоставувањето на безбедните коридори за да се спречи тие луѓе да доаѓаат по море во рацете на криумчарите“, појаснува Рока, оценувајќи дека воената ситуација во Ирак и Сирија нема така брзо да престани и дека повеќе години и по тоа тие општества ќе закрепнуваат и долго време ќе мине тие да станат безбедни за живеење.
„Ќе бидат неопходни години тие држави да се обноват по овие грозни војни и во нив животот да се нормализира, па мораме да бидеме подготвени дека миграциите на коишто сведочиме ќе станат континуирани“, наведува Рока во разговорот за љубљанскиот дневен./крај/мф/сн
Извор: Delo
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.