Европа
Путин: Запирањето на гасот за источните региони личи на геноцид од страна на Киев

Одбивањето на украинските власти да испорачуваат гас за побунетите рускојазични источни региони наликува на геноцид, изјави во средата рускиот претседател Владимир Путин.
„Не само што таму владее глад, не само што ОБСЕ утврди дека таму има хуманитарна катастрофа, туку уште им го прекинуваат гласот.. Тоа веќе заличува на геноцид“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во текот на заедничката прес-конференција со кипарскиот колега Никос Анастазијадес.
„Ми се чини дека некои функционери во сегашна Украина не разбираат што се тоа хуманитарни прашања и хуманизам“, додаде Путин истакнувајќи дека во регионите на Донецк и Луганск живеат околу четири милиони жители.
Тонот меѓу Русија и Украина е на повисок тон од минатата седмица кога рускиот енергетски концерн „Газпром“ одлучи директно да ги снабдува одметнатите региони во Украина, откако Киев ги прекина испораките на гас.
Москва тврди дека испораките спаѓаат во договорот кој во септември го потпишаа „Газпром“ и украинската државна компанија „Нафтогаз“ и дека мора да го плати Украина. Украинската компанија го одбива тоа, бидејќи тврди дека нема никакво начин да провери за колкави количества станува збор, ниту за што се користи гасот (!?).
Според договорот од Минск од 12-ти февруари за надминување на украинскиот судир, украинските власти се должни да ја обноват економијата во побунетите региони, па оттаму „мора да обезбедат снабдување на тие региони со енеренси“, порача Путин./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин