Свет
Земјотрес ја погоди Суматра, нема опасност од цунами

Силен земјотрес со интензитет од 6.1 степени според Рихтеровата скала во среда наутро го погоди западниот брег на островот Суматра, во Индонезија.
Силен земјотрес со интензитет од 6.1 степени според Рихтеровата скала во среда наутро го погоди западниот брег на островот Суматра, во Индонезија.
Според сеизмолозите сеуште нема информации за евентуално повредени или загинати, а се знае дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 56 километри југоисточно од островот Метаваи.
После првиот потрес следувал и втор земјотрес со помал интензитет од 5.3 степени, како продолжение на низата земјотреси што ја зафатија Индонезија во последните неколку недели.
Последниот земјотрес со интензитет од 7.6 степени што го погоди островот Суматра во септември годинава, однесе стотици човечки жртви, а исто толкав број беа повредени.
Островот е познат како критично подрачје за земјотреси кои можат да предизвикаат појава на цунами.Во цунамито од 2004 година што ја погоди Суматра 170.000 луѓе беа прогласени за загинати или исчезнати. /крај/хн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и енергетската инфраструктура.
Шефот на иранската организација за атомска енергија, Мохамед Еслами, изјави, според новинската агенција Фарс, дека нуклеарните капацитети остануваат во добра состојба и покрај израелските напади.
„Моралот на нашите колеги во нуклеарните капацитети е одличен и тие работат напорно“, рече Еслами.
Ограничувањето на нуклеарните капацитети на Иран и спречувањето на развојот на атомска бомба е една од клучните цели што Израел ги наведе како причина за нападите врз Иран.
Во исто време, министерот за нафта, Мохсен Пакнеџад, изјави дека нападите не влијаеле врз способноста на земјата да го снабдува населението со гориво.
„Секако, за да се обезбеди континуирано и долгорочно снабдување, може да има ограничувања на некои места, но нема да имаме проблем со снабдувањето со гориво на граѓаните“, рече Пакнеџад.
Свет
Иранските државни медиуми објавија видео од рака како гали нуклеарна бомба

Иранските државни медиуми објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа рака како гали нуклеарна бомба со натпис „можеби“, додека Израел продолжува со нападите, а американскиот претседател Доналд Трамп го предупредува иранското раководство.
Видеото беше објавено на социјалните мрежи од страна на Иранската арапска новинска агенција.
ربما..
Maybe pic.twitter.com/tB02PrPbp1— إيران بالعربية (@iraninarabic_ir) June 17, 2025
Израел со денови напаѓа ирански воени и нуклеарни објекти, уништувајќи го иранското воено и разузнавачко раководство и убивајќи неколку водечки нуклеарни научници. Израел тврди дека дејствува за да го спречи Иран да изгради нуклеарна бомба.
Иран одговори со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, но негира дека се обидува да изгради нуклеарно оружје и вели дека неговата нуклеарна програма е само за цивилна употреба.
Трамп го повика Иран да постигне нуклеарен договор и рече дека нема да му дозволи да развие нуклеарно оружје. Додека Израел го напаѓа Иран, Трамп го зајакна американското воено присуство на Блискиот Исток, давајќи си можност да им се придружи.
„Безусловно предавање!“ напиша Трамп на Truth Social, во порака до иранското раководство.
Свет
Се огласи ајатолахот Али Хамнеи: Иран никогаш нема да се предаде

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, напиша дека Иран никогаш нема да им се предаде на ционистите во серија објави на социјалната мрежа X.
„Нема да имаме милост кон ционистите“, гласи преводот на една од објавите. Друг гласи: „Битката започнува“.
Ова се првите јавни изјави на Хамнеи откако американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД знаат каде е иранскиот лидер, но дека „тие нема да го убијат… барем засега“.
Порано оваа недела беше објавено дека Трамп ставил вето на израелскиот план за атентат врз Хамнеи.