Регион
Експлозија во Атина, нема настрадани

Бомба експлодирала пред канцелариите на Грчката трговска федерација, рано во вторник, во центарот на Атина, при што се скршени стаклата на прозорците, но нема жртви, потврди грчката полиција.
Напади на банки, на политичари, новинари и бизнисмени не се невообичаени за Грција, која има долга историја на политичко насилство, а посебно тоа се рашири и зачести во последните години кога земјата е зафатена од најголема економска криза во последната деценија.Експлозијата, за која полицијата верува дека ја предизвикале домашни герилски групи, е прв таков напад откако левичарскиот премиер Алексис Ципрас дојде на власт во јануари.Експлозивната направа е активирана со временска запалка сместена во ранец во близина на канцеларијата на Грчката трговска федерација, а експлодирала околу 3.30 часот утрово.Анонимен повикувач предупредил за поставената бомба во една новинска агенција триесетина минути порано, велат полициските службеници.Очевидци виделе како скршеното стакло било рассеано по цела улица во деловниот центар на Атина.Полицијата обезбедува два блока околу деловната зграда и го истражува местото на настанот.Бомбашките напади и пожари се интензивирани во Грција од 2010 година кога се прифатени непопуларните мерки за раст на данокот, намалување на платите и пензиите во замена за финансиска помош од Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд. /крај/о/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.