Свет
Папата Бенедикт XVI сними божиќна порака посебно за Велика Британија

Во божиќната порака наменета посебно за Велика Британија, а снимена за БиБиСи и емитувана денеска, папата Бенедикт XVI ги потсети верниците за значењето на Христовото раѓање и ова е прво негово обраќање специфично на една земја која ја посети годинава, пренесува агенцијата Хина.Папата се потсети на четиридневната посета на Англија и Шкотска во септември, кога и соопшти на Велика Британија и на сите Англичани на светот дека се дел од неговите молитви.„Бог е секогаш верен на своите ветувања, но често не изненадува со начинот на кој ги исполнува“, изјави Папата во пораката снимена во Ватикан. „Радосно ги објавуваме добрите вести на сите околу нас дека Бог ни дава слобода од се што ни пречи. Ни дава надеж, ни го дава животот“, рече Папата во пораката емитувана во емисијата „Мисла на денот“ за радиото 4.Бенедикт ја посети Англија за прв пат годинава иако посетата се одвиваше после скандалот со откровенијата за сексуалната злоупотреба на децата во католичките цркви ширум светот. Во прилог на односот Римската католичка црква и Англиската црква, Папата им понуди на Англичаните кои биле незадоволни од иновацијата како што е ракополагањето на жени, да влезат во католичка црква и притоа да си задржат некоја карактеристика на нивната црква.Дел од Англичаните критички ја примија божиќната порака на Папата, како што е примерот со Националното секуларно општество. „Можеби е успех за БиБиСИ, но тоа беше студен дожд за илјадници жртви на сексуалната злоупотреба извршени од свештените лица, а кои се уште чекаат правда“, пишува Националното секуларно општество./крај/хи/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.
Свет
Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, што се одржа во Велика Британија, бил конструктивен.
Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.
Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.
„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател.