Свет
Единаесет војници и 24 бунтовници убиени во Пакистан
Најмалку 11 војници и 24 милитанти се убиени во судирите во близина на границата со Авганистан во северозападен Пакистан, потврдија официјални претставници на паскитанската армија
Околу 150 талибански бунтовници во неколку координирани напади извршија напади врз пет контролни пункта на Граничниот копрус на пакистанската армија, во племенскиот регион Мохманд.Претставници на талибаните за странските агенции, пак, соопштија дека во судирите загинале само двајца нивни борци.Гувернерот на провинцијата Мохманд, Амџад Али Кан, потврдил дека 11 војници биле убиени, откако претходно беше јавено за тројца загинати. Тој притоа додал дека 12 други војници се ранети во жестоките судири.Кан изјавил дека Граничниот корпус и паравоените милиции на локалните паштунски племиња ги одбиле нападите на милитантите кои започнале во областа Баизаи во раните утрински часови по локално време. Војнивците на нападите одговориле со артилериски оган а добиле и хеликоптерска поддршка, при што биле убиени 24 бунтовници. Но, како што потврдил гувернерот Кан, армијата ги има телата на само седуммина од убиените. Тој додал и дека борбите траеле до подоцна во петокот наутро.Портпаролот на пакистанските талибани, во телефонско јавување до неколку западни агенции иозјавил дека во борбите се убиен само двајца борци. Според талибаснкиот портпарол, тие заробиле двајца пакистански војници и дека имаат тела на шест убиени војници. Официјални претставници на пакистанските безбедносни сили ги отфрлиле овие тврдења, велејќи дека нем авојниц ико исе водат како не се водат Безбедносни официјални лица ги отфрлија барањето, велејќи дека нема војници кои се водат за исчезнати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.