Контакт

Политика

Ивица Боцевски и Флора Кадриу, нови советници на претседателот Иванов

Објавено пред

Поранешниот вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски и поранешната пратеничка Флора Кадриу се нови советници на претседателот Ѓорге Иванов, дознава Макфакс.

dobivaj vesti na viber

Кабинетот на македонскиот претседател ја потврди информацијата. Оттаму појаснија дека Боцевски и Кадриу се избрани за посебни советници на претседателот Иванов преку јавен оглас, што бил распишан на почетокот на месецот и велат дека двајцата ќе бидат ангажирани во кабинетот на Иванов до истекот на неговиот мандат во 2019 година.

Боцевски и Кадриу се исклучителни професионалци со повеќегодишно искуство на политичката сцена во Македонија. Сметаме дека нивниот ангажман ќе придонесе за натамошно зајакнување на капацитетите на институцијата Претседател на Република Македонија и ќе даде позитивен импулс во работата на претседателот Иванов, велат од неговиот кабинет.

Ангажирањето на посебни советници во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се спроведува согласно последните измени на законите за вработените во јавниот сектор и на Законот за работни односи, со кои е предвидена можност за ангажирање на вкупно пет посебни советници.

Од Кабинетот на шефот на државата додаваат дека во целост ќе ја искористат новата законска можност и најавуваат дека во наредниот период ќе бидат ангажирани уште тројца посебни советници на Иванов.

Боцевски зад себе има богато работно искуство во областа на политологијата и меѓународните односи. Своевремено ја извршуваше функцијата вицепремиер за европски прашања, а беше и портпарол на македонската влада. На советничкото место во претседателскиот кабинет доаѓа од меѓународното училиште „НОВА“, каде што предаваше предмети од сферата на општествените науки.

Кадриу е поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. На советничката позиција доаѓа од местото доцент на приватниот универзитет „ФОН“. Таа е член на Советот за безбедност на Република Македонија./крај/мф/бб

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

(Видео) Филипче до Сиљановска: Огромен ризик е спојувањето на безбедносните агенции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова....

Македонија14 часа

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова им посака успешна работа на новите членови на Комисијата за помилување

Денеска во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако Давкова донесе...

Македонија17 часа

Петар е тежок 2 килограма и 350 грама: 61-годишната мајка, која се породи на ГАК, имала замрзната јајце-клетка

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави...

Македонија17 часа

Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: не е пресудна етничката припадност ниту, пак, полот

Раде Трајковски-Штекли на својот инстаграм-профил објави оглас за вработување лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или...

Македонија17 часа

Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје

Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки...

Македонија17 часа

Европската Унија му донира на ЈСП шест еколошки автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас како донација од Европската Унија (ЕУ). Амбасадорот...

Македонија19 часа

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија. Жената се породила пред неколку дена и важи за...

Македонија20 часа

Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

Во текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина...

Македонија21 час

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче, со претседателката Сиљановска-Давкова

Денеска, ќе се одржи работна средба помеѓу претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, извести СДСМ....

Македонија21 час

(Видео) Тошковски: Договорено заемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на...

Европа21 час

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Руските сили напредуваат во Украина со своето најбрзо темпо од првите денови на инвазијата, заземајќи површина од половина од поголемиот...

Свет23 часа

Трамп воведува огромни царини за Кина, Пекинг одговори

Ниту САД, ниту Кина нема да ја добијат трговската војна, одговори кинеската амбасада во Вашингтон во понеделникот на заканата на...

Свет23 часа

Белата куќа: Бајден ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Претседателот во заминување Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во...

Свет23 часа

Ердоган: Збеснатата влада на Нетанјаху е како сериски убиец

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди постапките на израелската влада и ги пофали Палестинките за нивната храброст и издржливост,...

Економија2 дена

Мицкоски: Грчевито се бориме да нема покачување на струјата, но ако мора, еве нека биде во третиот и четвртиот блок

Владата ќе се бори да не дојде до покачување на струјата, ниту за најавените до три проценти по Нова година....

Македонија2 дена

Почина владиката Тимотеј

Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј починал денеска во болница. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето, објави „Религија.мк“....

Македонија2 дена

Меџити: ЈСП утре добива шест електрични автобуси, Владата ќе купи уште 120 и ќе им ги донира на општините со цел намалување на загадувањето

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оценува дека природата овие денови направи...

Топ2 дена

Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено

Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за...

Свет2 дена

Брод полн со туристи потона во Египет

Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на...