Македонија
Акција за Европа

“Ден II – Нашите европски пријатели“ ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проектот “Акција за Европа“
“Ден II – Нашите европски пријатели“ ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проектот “Акција за Европа“.
Настанот, во чии рамки се организираат две дебати и една информативна сесија за прашања поврзани со Европската унија (ЕУ), има за цел да ги претстави придобивките и предизвиците од членството во Унијата преку дебата.
Според најавите, присутни ќе бидат претставници на дипломатскиот кор во државава, на локалните власти, невладини организации, медиуми и експерти.
Проектот “Акција за Европа“ ќе се спроведе во неколку општини, распореден во три циклуси во текот на годинава./крај/со/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Средба на претседателот Гаши со Микаил Џабаров, министер за економија на Азербејџан

Официјалната посета на Република Азербејџан, што претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ја реализира од 17 до 19 јуни, денеска заврши со средба со министерот за економија во Владата на Азербејџан, Микаил Џабаров. На средбата присуствуваше и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.
Претседателот Гаши истакна дека Северна Македонија и Азербејџан имаат добри и пријателски односи, што може да биде основа за унапредување на соработката, особено во делот на економијата.
Тој информираше дека Владата посебен фокус става на надворешната трговија, со цел да се унапреди трговијата и со држави со кои досега сме имале мала трговска размена.
Министерот Џабаров истакна дека постојат многу можности за меѓусебна соработка, како во делот на енергетиката, така и во делот на другите стопански области.
Двајцата соговорници нагласија дека е важно да се унапредат билатералните односи на сите нивоа, со цел да се обезбеди поголема соработка.
Македонија
(Видео) Венко Крстевски и СДС се режисери на агресијата и поделбите во Кочани, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали Венко Крстевски и СДС се нарачатели на насилството во Советот? Дали најголемите поддржувачи на Аки Акиов-го користат за со насилство да ја водат општината! Заслепени од привремената власт, в.д. градоначалникот Венко Крстевски и СДСМ – изгледа дека и се режисери на агресијата и поделбите во Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Кочани.
„’Казна’ за негласање соработка со осуденик и лице на црната листа на САД, стигнува преку советник насилник кому токму тие му даваат безрезервна поддршка.
Дополнително СДС шири говор на омраза и дезинформации по социјални мрежи. Сето тоа за да задржат привремена фотелја. На сметка на мирот, достоинството и демократијата во Кочани.
Кочани не е заложник на вашата политичка немоќ! Бараме веднаш оставка од Венко Крстевски. Бараме јавно извинување од СДСМ за поддршката на насилство и хаос. Кочани – ќе си го врати гласот и достоинството. Секој ден. Секојпат. Без страв“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ Кочани.
Македонија
СДСМ: Советникот од Кочани што предизвика инцидент не е наш член

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилството што се случи на седницата на Советот на општина Кочани.
„Ги осудуваме и провидните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ, кои со провокации и намерно поттикнување тензии се обидуваат да создадат конфликти и нестабилност во Кочани. Учесници во инцидентот се советник на ВМРО-ДПМНЕ и советник од Ромската партија, а повредена е вработена во општинската администрација – што дополнително ја отсликува сериозноста на овој инцидент“, велат од СДСМ.
Партијата целосно се оградува од постапките на советникот што го предизвика денешиот инцидент и потенцира дека не станува збор за нивен член туку коалициски партнер.
„Факт е дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат за време на седниците на Советот на општина Кочани. Сценариото на неколку седници наназад вклучуваше навреди на етничка, верска и лична основа, погрдни зборови упатени не само кон поединци, туку и кон целата ромска заедница. Советникот Васе Алексов од ВМРО-ДПМНЕ беше најгласен во навредите и погрдните зборови и тоа го знаат сите советници“, велат од СДСМ.
Иако провокациите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ беа очигледни, додаваат од партијата, недозволиво е каков било чин на насилство.
„Насилството не смее да има и мора да биде санкционирано. Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да утврдат одговорност кај сите инволвирани. На Кочани, на семејствата, на повредените, на починатите, никому ова не му е потребно освен на ВМРО-ДПМНЕ. На Кочани му е потребна солидарност, стабилност и решенија, а не насилни сценарија инспирирани од политички калкулации на власта“, велат од СДСМ.