Свет
Неофицијално еден починат во безредијата во Москва, зајакната безбедноста на улиците
Началникот на полицијата во руската престолнина Владимир Колоколцев по судирите меѓу фудбалските навивачи и полицијата, наредил засилени патроли по улиците на Москва, пренесуваат руските медиуми
„Началникот на московската полиција им нареди на началниците на сите оддели да ги зајакнат мерките на безбедност во сите окрузи на Москва, и да ги следи сите движења на фудбалските навивачи, и да спроведат превентивни активности а во некои случаи на сериозни нарушувања да спроведат апсења“, изјавил за агенцијата РИА Новости, портпаролот на московската полиција Виктор Бирјуков. Тој додал дека полицијата ја следи ситуацијата на територијата на сите административни единици на московската област и доколку има некои индиции да се активира мобилната резерва, вклучувајќи ги и единиците од составот на ОМОН (специјалните единици на Внатрешните војски на Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација).„Засега нема регистрирани никакви сериозни инциденти поврзани со навивачите“, додал Бирјуков. Во саботата на плоштадот Манежнаја, во близина на Црвениот плоштад дојде до жестоки судири меѓу полицијата со според последните процени околу пет илјади претежно млади луѓе од различни провиниенции, од фудбалски навивачи до приврзаници на националистички организации. Во судирите со повреди се хоспитализирани 29 лица а според првичните податоци починал еден од повредените.Жестокиот судир меѓу демонстрантите кои употребуваа пиротехнички средства, камења и палки, и полицијата која употреби пендреци, избија откако навивачите не сакаа да се повлечат на повиците на московските власти туку одговорија со националистички пароли и со напади врз случајните минувачи кои им наликувале на припадници на етничките малцинства од подрачјето на северен Кавказ.Претходно илјадници навивачи на московски Спартак се собраа и положија знамиња на автобуската постојка на булеварот Кронштад во северниот дел од Москва на којашто на 6-ти декември беше застрелан Егор Свиридов еден навивачките водачите во тепачка со доселениците од северен Кавказ. Според некои руски медиуми, Свиридов бил водач на „Ултрас“ една од насилните навивачки групи на Спартак. Ова убиство предизвика голем револт кај навивачките групи во Русија. Блоговите и социјалните мрежи во Русија деновиве се многу активни во врска со овој случај и на нив се изразува голем револт заради нерешавањето на овој случај. Полицијата прво уапси шест осомничени, но ослободи петмина но досега нема подигнато обвинение. Во руските медиуми се изразува загриженост дека тензиите ќе се зголемат затоа што навивачите преку своите блогови потсетуваат дека се’ уште не е решен случајот на убиството на уште еден навивач на Спартак, Јуриј Волков, од летово годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

