Црна хроника
Кражби во аптека и куќи низ Македонија
Крадци ограбиле аптека и провалиле во куќи низ Македонија.
Во понеделникот околу 20 часот маскиран и крадец вооружен со нож ја ограбил аптеката „Еурофарм“ лоцирана на улица „50-та дивизија во Скопје“.Крадецот и се заканил на аптекарката и украл 16.000 денари.Уште една кражба била пријавена во понеделникот во Скопје, а се случила во саботата. Крадец провалил во домот на педесетгодишен скопјанец и украл пари и златен накит. Насилно ја отворил влезната врата и украл 7.000 евра и златен накит со што направил штета од околу 660.000 денари.Во понеделникот пријавена е уште една кражба во охридското село Косел. Крадец од домот на педесет и тригодишен жител на ова село украл околу 10.000 евра.Полицијата работи на рачистување на кражбите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штипјанец принудувал младо момче да се задолжува во друштва за брзи кредити за да му даде 4.500 евра

Уапсен е 28-годишен штипјанец поради сомнеж дека во период девет месеци му се заканувал и присилувал 21-годишник да се задолжува на повеќе места.
Жртвата која истотака е од Штип, била оштетена за сума од 275.000 денари, околу 4.500 евра.
Според информацијата од МВР, во периодот од октомври 2024 до вчера, Ф.Ј. се заканувал на лицето и го присилувал да аплицира во неколку финансиски друштва за брзи кредити, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, а исто така, го принудил да одземе пари и од неговиот татко.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Во Охридското езеро уапсен албански државјанин кој илегално ја поминал границата и незаконски ловел риба

Околу 04.35 часот по полноќ, во водите на Охридското езеро, полицијата го приведе албанскиот државјанин К.С.(47) поради сомнеж за илегално преминување на државната граница и незаконит риболов.
Судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка „краткотраен притвор“.
„При вршење патролни контролни активности на Охридското езеро, полициските службеници го затекнаа К.С. во неговиот пловен објект во македонските територијални води над населбата „Лагадин“, како врши незаконит риболов во водите на Охридското Езеро со помош на блинкери и по извршен преглед, пронајдени се 22 топки со 110 блинкери и друг риболовен алат кои, заедно со пловилото се одземени“, соопшти МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе.
Според информациите од полицијата, тој фрлал разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје.
По проверките било констатирано дека се барал за издржување казна затвор во Шуто Оризари за сторено кривично дело за самовластие.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.