Свет
На тапет Јавното правобранителство

Министерството за финансии искористило вонреден правен лек и побарало ревизија од Врховниот суд за неколку судски случаи за кои се сомневале дека Јавното правобранителство не го заштитило до крај интересот на државата, информираа вчера во кабинетот на министерот за финансии.
ОТКАКО ЈА БЛОКИРАА ВЛАДИНАТА СМЕТКА Владимир Николоски
Министерството за финансии искористило вонреден правен лек и побарало ревизија од Врховниот суд за неколку судски случаи за кои се сомневале дека Јавното правобранителство не го заштитило до крај интересот на државата, информираа вчера во кабинетот на министерот за финансии. Оттаму додаваат дека случајно или не, една од причините за празната каса на Владата што ја соголија судските извршители со 974 решенија за присилна наплата е сомнителниот квалитет на одбраната на правобранителството во повеќе случаи во кои се бара обесштетување.
Еден од тие случаи е и струшки „Караорман“, во кој државата плати 800.000 евра обесштетување.
За да се спаси од изненадувачкиот наплив на решенија за присилна наплата Владата ќе формира комисија во која ќе влезат министерот за правда, министерот за финансии и Јавното правобранителство. Целта е да се детектираат идните побарувања за кои е извесно дека ќе произлезат од многубројните судски спорови против државата.
Во Министерството за финансии информираа дека во некои буџетски корисници немало пари ниту за сапун и за тоалетна хартија. Оттаму најавија дека на трезорската сметка има доволно пари за нормално да функционираат институциите и додаваат дека со премостување на пари од буџетските корисници ќе се дополни јазот во владиниот буџет.
Сметката на Владата остана блокирана откако се активирале две решенија за присилна наплата на долг од околу 422.000 евра, побарување кон вработени од Јавното претпријатие ГА-МА. Во Министерството за финансии соопштија дека до ребалансот на буџетот, што најверојатно ќе се случи кон крајот септември, ќе се обезбедат пари и да се доплати долгот кон вработените на ГА-МА.
Владата е во незавидна состојба бидејќи во нејзиниот буџет останале само околу 1.040.000 евра за плати, наемнини и надоместоци за до крајот на годинава. Сепак, оттаму информираа дека нема потреба да се трошат парите од продажбата на ЕСМ, бидејќи во буџетот има суфицит од 1,7 милијарда денари.
Во Секторот за трезор вчера информираа дека од јануари до август годинава извршени се вкупно 974 решенија за присилна наплата, кои ја задолжуваат трезорската сметка, и тоа сметката на буџетот на Македонија и сметките на буџетските корисници. Оттаму информираа дека по последните решенија за присилна наплата биле исплатени околу 75.000 евра, по што била испразнета државната каса. Од вкупниот буџет на Владата од околу 3.070.000 евра досега биле реализирани околу 2.030.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот „Вудро Вилсон“ во Белград на вода, објави РТС.
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23:13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин
Европа
Започнува судењето на бездомничката од Алжир која ја силувала и убила 12-годишната Лола во Париз

Денес започнува судењето на жена обвинета за злоупотреба, мачење и на крајот убиство на 12-годишната Лола Давиет, во случај што ја шокираше Франција пред три години и предизвика политичка реакција, објавува „Гардијан“. Телото на несреќното девојче е пронајдено спакувано во пластичен ковчег фрлен на улица во близина на нејзиниот дом во Париз.
Дабија Бенкиред (27) е обвинета за тешко убиство на малолетник, тешко силување и мачење и варварски дела. Случајот предизвика длабок ужас во француската јавност. Лола Давиет се враќала од училиште во петок, 14 октомври 2022 година.
Таа пристигнала во својот дом во 19-тиот арондисман во Париз, каде што нејзините родители работеле, веднаш по 15 часот. Снимките од безбедносните камери ја снимиле како се среќава со Бенкиред, тогаш бездомничка која престојувала во станот на нејзината сестра во истата зграда.
Кога Лола не се појавила дома, нејзините родители кренале тревога. Час и половина подоцна, камерите ја фатиле Бенкиред во лобито на зградата опкружена со неколку ковчези, вклучувајќи го и оној во кој подоцна било пронајдено телото на девојчето.
Случајот брзо доби политичка димензија кога беше откриено дека Бенкиред, која е родена во Алжир, имала наредба за депортација издадена два месеци пред убиството. Крајнодесничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен ги искористила овие информации за сопствена политичка промоција, објавува „Гардијан“.
За време на истрагата, Бенкиред даде збунувачки изјави, но по серија психијатриски и психолошки прегледи, таа беше прогласена за способна да се соочи со судење. Последните три години ги помина во притвор во затворот Фресне, јужно од Париз.
Според францускиот закон, секој чин на сексуална пенетрација извршен со сила, принуда, закана или изненадување се смета за силување. Доколку биде осудена, Бенкиред се соочува со доживотен затвор. Се очекува судењето да трае до следниот петок, кога се очекува пресудата.
фото: принтскрин
Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин