Европа
Медиуми: Во домот на копилотот на 4U9525 најдени ‘решавачки докази’
При претресот на станот на копилотот на летот 4U9525 од Барселона за Диселдорф кој се урна во вторникот во француските Алпи, пронајдени се „решавачки докази“ за причината пилотот Андреа Лубитц намерно да го урне авионот, објави во петокот телевизијата N24, повикувајќи се на извор во обвинителството на Диселдорф, a истовремено истрагата во Франција соопшти дека транспондерот гго потврдил намерното понирање.
Во меѓувреме, обвинителството официјално одби да потврди дали е пронајдено проштално писмо на пилотот, кој, според досегашните наоди на истрагата, свесно ја предизвика авионската несреќа во којашто загинаа сите 150 патници и членови на екипажот.
Претходно обвинителството и полицијата извршија претрес на станот на пилотот во Диселдорф, како и во куќата на неговите родители во градот Монтбаур. Правосудните органи заплениле некои лични работи, како и компјутери кои му припаѓале на 28-годишниот Лубитц.
Копилотот на авионот „Airbus A320“ на германската компанија „Germanwings“, Андреас Лубитц, наводно, страдал од тешка форма на депресија пред околу шест години, а поради тоа редовно бил подвргнуван на лекарски прегледи.
И другите германски медиуми во петокот пишуваат дека копилотот Андреас Лубитц боледувал од „психолошка болест“, односно од тешка депресија
„При пребарувањето на станот на копилотот пронајдовме траги. Станува збор за различни предмети и хартии. Ќе видиме дали трагите ќе доведат до доказ. Сетот тоа ќе биде проучено“, изјавил за Der Spiegel, портпаролот на полицијата во Диселдорф, Марсел Фјебиг. Според него, не е пронајдено проштално писмо.
Извршниот директор не германската воздухопловна компанија „Lufthansa“, која е фирма мајка на „Germanwings“, Карстен Пор, изјави дека Лубитц на неколку месеца ја прекинал обуката за пилот во текот на 2008 година. Пријателите на пилотот за германските медиуми изјавуваат дека Лубитц ја прекинал на извесно време обуката во 2009 година поради „синдром на емоционално растројство или депресија“. Потоа Лубитц ја продолжил обуката во центарот за пилоти на „Lufthansa“, а во 2013 година стекнал сертификат за летање на авиони од типот „Airbus A320“.
Официјалните документи, во кои имал увид германски Bild, потврдуваат дека копилотот пател од тешка депресија пред шест години и оти оттогаш имал редовни медицински контроли. Документите од германската управа за надзор над воздушниот сообраќај (LBA) ја потврдуваат „тешката епизода на депресија“ на Лубитц од 2009 година/
Весникот наведува дека од тогаш момчето било под „посебна и редовна медицинска контрола“, а информациите на LBA и’ биле дадени од „Lufthansa“.
Како што се очекува, во петокот во врска со историјатот на болеста на пилотот ќе се одржат консултации меѓу психолози со секторот на цивилното воздухопловство, а потоа материјалите ќе бидат предадени на германските правосудни органи, кои ќе треба да ги споделат информациите со истрагата што се води во Франција.
Во меѓувреме во петокот беше потврдено дека транспондерот од авионот покажува дека некој рачно го наместил пилотот на височина пониска од 30 метри, што веројатно ќе доведе до воведување на ново правило за најмалку две лица постојано присутни во кокпитот во авионите на компаниите.
Организацијата FlightRadar24 која го следи воздушниот сообраќај објави дека во 9,30 часот (во вторникот, 24-ти март) „може да се види дека автопилотот рачно е променет од 11.500 метри на височина од 30 метри“ „Девет секунди подоцна авионот започнал да се спушта, веројатно со наместен автопилот за ткн отворено спуштање“, се вели во соопштението. Податоците на FlightRadara 24 потекнуваат од автоматскиот одговор на транспордерот.
Летот Let 4U9525 полетал од Барселона околу 10 часот во вторникот, а исчезнал од радарите околу еден час подоцна, пред да се забие во планината 165 километри североисточно до Марсеј. Според француските истражни органи, податоците од транспондерот потврдиле дека копилотот Андреас Лубитц рачно ја започнал процедурата за спуштање кога останал сам во пилотската кабина, и не одговарал кога капетанот на летот и другите членови на екипажот тропале по заклучената врата. а
Авионот „Airbus A320“ на летото од Барселона за Диселдорф се урна претпладнето на 24-ти март во француските Алпи во југоисточниот дел од земјата. Во несреќата загинаа сите 150 патници и членови на екипажот, а според досегашните сознанија на истрагата за тоа е виновен копилотот Лубитц кој го искористил отсуството на капетанот на летот од пилотската кабина и, судејќи според сé, тоа го искористил за да се затвори во кокпитот и намерно да го урне леталото.
Во петокот, четврти ден по ред, продолжува истрагата во близина на селото Сеине-ле-Алпс, десетина километри оддалечено од местото на падот. Истрагата, во прв ред, е насочена на пронаоѓањето на втората „црна кутија“ и што побрзо да ги идентификува телата кои се евакуирани од планината. На местото се упатени четири хеликоптери, наместо досегашните пет, со 37 спасувачи и 11 форензичари./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

