Контакт

Берзи

Раст на европските берзи

Објавено пред

Цените на акциите на европските берзи пораснаа во петокот, по вчерашниот остар пад, а во пресрет на извештајот за вработеноста во САД, кој обично значително влијае врз насоката на пазарот.
 
 
 

dobivaj vesti na viber

Цените на акциите на европските берзи пораснаа во петокот, по вчерашниот остар пад, а во пресрет на извештајот за вработеноста во САД, кој обично значително влијае врз насоката на пазарот.

 

 

 

 

 

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 12.30 часот бече во плус еден отсто, на 1.394 поени, откако вчера потона 1,4 отсто.

 

Лондонски FTSE истовремено беше во плус 0,60 отсто, на 6.721 поен, додека франкфуртски DAX скокна 1,30 отсто, на 9.990 поени, а париски CAC се зголеми за 1,20 отсто, на 4.375 поени.

 

Индексите денеска надоместија дел од загубите од вчера, кога цените на европските акции остро паднаа бидејќи инвеститорите ги разочара пораката на челникот на ЕЦБ, дека за монетарната политика ќе се одлучува на почетокот на наредната година.

 

ЕЦБ вчера ја намали проценката за раст на економијата во еврозоната за оваа и наредната година, како и прогнозите за инфлацијата.

 

Сепак, цените на акциите закрепнаа изутрината, со оглед дека инвеститорите проценија дека вчерашниот пад беше преголем, со оглед дека очекува дека ЕЦБ порано или подоцна ќе воведе нови поттикнувачки мерки.

 

Кон закрепнувањето на пазарот придонесоа и подобрите од очекувани резултати за податоците за индустриските нарачки во Германија, што би можело да значи дека растот на најголемата европска економија забрзува по две слаби тромесечја.

 

Инвеститорите се надеваат и на добар извештај за вработеноста во САД, кој ќе биде објавен попладне и кој обично значително влијае на насоките на пазарот.

 

Сепак, дел од аналитичарите предупредуваат дека значително подобри од очекуваните податоци би можеле да поттикнат шпекулации за зголемување на каматите во САД, што лошо би влијаело на пазарот на капитал.

 

„Секој податок за растот на бројот на вработените за над 200.000 би ги поддржал берзите. Но, доколку податокот биде близу 300.000, тоа би ги поттикнало шпекулациите дека Фед ќе ја заостри монетарната политика побргу од очекуваното“, вели аналитичар од компанијата CMC Markets. /крај/

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа2 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија2 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија3 часа

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...

Македонија4 часа

Уставен оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива на Лилјана Поповска, со која се оспорува протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина...

Култура5 часа

Почина оперската дива Милка Ефтимова

Почина оперската примадона Милка Ефтимова, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот. Во својата...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат...

Топ10 часа

Уапсен скопјанец, фрлал камења кон полициски хеликоптер додека полнел вода за гаснење пожар

Вчера вечер, во 18:55 часот, полициски службеници од ПС Карпош го лишија од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение...

Македонија10 часа

ЦУК: Изгаснати 28, активни три пожари

До 08:00 часот, на територијата на Македонија имаше вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари,...

Свет11 часа

Комисијата на СЗО: Топлотните бранови повеќе не се климатска закана, туку здравствена криза

Екстремните временски услови што ги засегаат Европа и Централна Азија повеќе не се само климатска закана, туку и сериозен проблем...

Македонија11 часа

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги...

Македонија11 часа

Пожарот кај Јасен сè уште активен, патот Македонски Брод – Скопје затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет22 часа

Белата куќа објави детали за средбата Трамп – Путин

Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се одржи во петок, во Енкориџ, Алјаска, објави...

Топ22 часа

Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово

Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше...

Македонија24 часа

(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со...

Свет1 ден

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ1 ден

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ1 ден

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Регион1 ден

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...