Спорт
Два рекорда на мечот Јужна Африка – Мексико
Со влезот на Хернандез на мечот против Јужа Африка, тој стана претставник на третата генерација од едно семејство кое настапувало на мундијал, додека селекторот на домаќините Пареира настапи на шест светски првенства
Кога донеодамнешниот фудбалер на мексиканска Гвадалахара, Хавиер Хернандез кој пред мундијалот мина во Манчестер јунајтед, влезе на мечот против домаќинот Јужна Африка, тој стана трет претставник на своето семејство кое настапувало на Светско првенство. Неговиот татко со исто име Хавиер Хернандез беше член на мексиканската репрезентација на светското првенство 1986 г. кога Мексико беше домаќин. Тогаш Мексиканците во четвртфианелто беа поразени од тогашна Западна Германија по изведувањето пенали. Тогашниот тренер на мексиканската репрезентација, Србинот Бора Милутиновиќ немаше многу доверба во таткото Хернандез, па тој одигра на шампионатот само една минута. А прво од предците на Хернандез кој настапил на светско фудбалско првенство дедото по мајка Томас Балзакар кој бил дел од мексиканската репрезентација во 1954 г. во Швајцарија која била елиминирана во групата. Балзакар ги одиграл двата меча, а во поразот против Франција бил стрелец а гол во 85. минутаСелекторот на Мескико, Бразилецот Карлос Алберто Пареира стана но рекордер кому ова му е шести мундијал. Тој првпат настапи на Светско првенство во 1982 г. како селектор на Кувајт, во 1990 ги водел Обединетите арапски емирати, во 1994 г. со Бразил станува светски првак, во 1998 г. во Франција ја води Саудиска Арабија, додека во 2006 г. повторно ја водеше селекцијата на Бразил и во 2010 ја води Јужа Африка. Со денешниот меч Пареира на мундијалите седел на клупата на 21 меч при што има остварено десет победи, три нерешени и осум порази, со гол-разлика 27-29.Досега Пареира беше изедначен со погоре споменатиот Милутиновиќ кој настапил на пет светски првенства – во 1986. г Мексико, 1990 г Костарика, 1994 г. САД, 1998 Нигерија и во 2002 г. ја предводеше Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

