Свет
Вонредна состојба на Филипини

Претседателката Аројо во сабота прогласи вонредна состојба во јужната покраина Магуинданао, каде минтата седмица пред почетокот на предизборната кампања беа убиени 57 лица
Мерката вонредна состојба претседателката Глорија Магапагал Аројо, преку нејзиниот државен секретар Едуардо Ермита соопшти дека има овластувања да ја повика армијата за задушување бунтови и заштита на населението. Ова е првпат по 28 години на Филипини да биде воведена вонредна состојба, потсетуваат медиумит.Прогласот за вонредната состојба е обајвен откако владата добила информации дека во јужната покраина Магуинданао се организраат вооружени групации кои се закануваат со напади. Политичката ситуација на Филипини стана многу напната откако на 23 ноември беше уапсен главниот осомничен за масакрот на 57 лица. Андал Ампатуан Џуниор, градоначалник на помал град и син на гувернерот на покраината Магуанданао, од островот Миндао, беше со хеликоптер префрен во главниот град Манила на испитување.За масакрот во кој беа убиени вкупо 57 лица, осомничени се припадниците на полицијата под контрола на Ампатуан, кој е син на моќниот локален гувернер и член на коалицијата на претседателката Аројо. Од кланот Ампатуан ги негираат ове обвинувања.Масакрот, според локната полиција и медиумите, го извршиле вооружени лица во пресметка меѓу спротиставени локални кланови кои се судираат пред локалните избори.Вооружена паравоена формација за која се верува дека е блиска на гувернерот на провинцијата грабна група меѓу кои имало и новинари и пратеници, и најмалку 14 жени. Потоа беа пронајдени 57 тела изрешетани со куршуми. Во групата од 57 лица имало најмалку 27 филипински новинари.Според локалните медиуми, убиените се упатиле кон изборната канцеларија во градот Магуинданао.Убиените се поддржувачи на Геналин Тамзон-Мангудадату, која патувала да поднесе противкандидатура за нејзиниот сопруг на актуелниот гувернер на провинцијата Магуинданао, Дату Андал Ампатуан, првенец на едно од најмоќните локални семејства.Таа била придружувана од двајца адвокати, неколку членови од нејзиното семејство и новинари. Убиените новинари ја следеле сопругата на заменик-градоначалникот на градот Балуна, Есмаел Мангудадату која требала да ја предаде неговата кандидатура за изборите на гувернер на покраината.Во јужниот дел на Филипините се води жестоко клановско ривалство меѓу семјествата Мангудадату и Ампатуан, а многу политичари и избрани функционери во регионот финасираат добро вооружени приватни армии, пишуваат локалните медиуми.Изборниот процес на Филипините ќе почне во мај 2010 г., а од минатата седмица почна поднесување на кандидатурите за повеќе од 17.800 локални и државни функции.Предизборната кампања официјално почнува во февруари за кандидатите за претседател, потпретседател и за 12 места во Горниот дом на Конгресот. За локалните избори и гласањето за околу 300 места во Долниот дом на Конгресот, кампањата почнува на крајот од март, а изборите се закажани за 10-ти мај.Изборите на Филипини речиси редовно се проследени со насилство меѓу локалните спротиставени страни, особено во јужниот дел на земјата, каде што безбедносните сили се борат со комунистичките бунтовници, исламските радикали и ривалските кланови
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Во моментов разговарам со Путин; Би-Би-Си: Значаен тајминг, Путин е многу загрижен

Иако сè уште не е познато кој го иницирал денешниот телефонски разговор, Доналд Трамп или Владимир Путин, неговото време е исклучително значајно бидејќи се случува непосредно пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа, пишува Би-Би-Си за телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин.
Во последните недели, Москва испраќаше спротивставени сигнали за процесот на преговори со Соединетите Американски Држави. Процесот, кој започна со директна средба меѓу двајцата лидери во Алјаска на почетокот на август, навидум брзо замре, анализира медиумот.
Од руска перспектива, Трамп е единствениот западен лидер подготвен да се справи со „коренските причини“ за војната во Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров верува дека западните сојузници оттогаш се обидоа да го „заведат Доналд Трамп на погрешен пат“ убедувајќи го дека Путин всушност не сака мир.
Сепак, повеќето западни аналитичари се согласуваат дека Путин брзо ја изгуби довербата во процесот започнат во Алјаска. Веќе на почетокот на септември, тој се сврте кон полусрдечни понуди, вклучително и покана до Зеленски: „Ако е подготвен [за средба], нека дојде во Москва“. Таквиот предлог е практично нефункционален за лидерот на земја под целосна инвазија, според Би-Би-Си.
Според написите, малку е веројатно дека максималистичките барања на Путин за крај на војната се промениле. Сепак, Русија се чини сериозно загрижена за можноста Трамп да одобри испорака на ракети со долг дострел „Томахавк“ во Украина, што би ја ставило и Москва во нивниот дострел.
Кремљ потврди дека се во тек разговори меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, според руските државни медиуми.
Двајцата лидери последен пат разговарале на 19 август, објави новинската агенција РИА, а разговорот се одржал неколку дена по нивниот самит во Анкориџ, Алјаска.
Свет
Пукање во близина на основно училиште: има загинати, едно лице тешко повредено во Чешка

Две лица се убиени, а едно е тешко повредено во пукотница што се случила во близина на основно училиште во градот Смржовка, во округот Јаблонец на северот од Чешка.
Според полициското соопштение, еден маж и една жена се убиени, додека осомничениот напаѓач е уапсен и однесен во болница со хеликоптер.
„На местото на злосторството е пронајдено оружје. Сите околности на овој трагичен настан се предмет на понатамошна истрага“, изјави портпаролката на полицијата Клара Јеничкова, додавајќи дека пукањето се случило во непосредна близина на локалното основно училиште.
Специјалните единици, пожарникарите и службите за итни случаи веднаш интервенирале, а учениците и персоналот на училиштето биле заклучени во зградата додека траела полициската операција.
– Училиштето испратило пораки до родителите дека децата се безбедни, но дека не можат да ја напуштат зградата додека не се разјасни ситуацијата – изјавила бабата на еден од учениците.
Таа додаде дека дошла да го земе внукот само неколку минути пред трагедијата:
„Го зедов во еден часот пред петнаесет и сè беше мирно. Не многу долго потоа, на пат кон дома, слушнав сирени и видов полициски автомобили. Сè уште се тресам од шокот.“
Според првичните информации, инцидентот не бил поврзан со училиштето, но се верува дека станува збор за личен конфликт кој ескалирал во вооружена пресметка во близина на образовната институција.
Фото: принтскрин
Свет
Светот во исчекување: Трамп и Путин разговараат по телефон, Зеленски чека

Телефонскиот разговор меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, започна, објави CBS, повикувајќи се на функционер на Белата куќа.
Претходно, американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на извор, објави дека двајцата лидери ќе разговараат по телефон.
Според написите, темата на разговорот ќе биде конфликтот во Украина.
Разговорот се одржува еден ден пред Трамп да го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.
Трамп и Зеленски ќе разговараат за можноста Украина да добие ракети со долг дострел Томахавк.
Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар.
Трамп минатата недела изјави дека му објаснил на Зеленски дека може да му постави нов ултиматум на Путин: „или Русија ќе започне сериозни мировни преговори, или Украина ќе добие „томахавки“.“
Фото: принтскрин