Политика
Груевски за Die Presse: Народот избира кој ќе биде на власт, а кој во опозиција
Граѓаните избираат кој ќе биде на власт а кој во опозиција, вели премиерот Никола Груевски во интервју за австриски Die Presse, запрашан околу тоа дали ќе поднесе оставка. Македонскиот премиер во интервјуто потенцира дека неговата Влада има мандат од четири години, а досега помина само една.
Граѓаните избираат кој ќе биде на власт а кој во опозиција, вели премиерот Никола Груевски во интервју за австриски Die Presse, запрашан околу тоа дали ќе поднесе оставка. Македонскиот премиер во интервјуто потенцира дека неговата Влада има мандат од четири години, а досега помина само една.
„Нашиот мандат истекува за четири години. Една веќе заврши, така што имаме уште три. И покрај ова, ние се согласивме за нови избори, дури и до крајот на јули, но опозицијата сака на избори во април следната година. Народот треба да избере кој ќе биде на власт, а кој во опозиција“, вели Груевски.
Коментирајќи околу протестите кои се случуваат пред Владата во моментов, Груевски за Die Presse вели дека „однадвор сé изгледа поинаку, пред Владата протестираат од 50 до 100 луѓе, а повеќето од нив работат во градската администрација каде господинот Заев е градоначалник“.
Запрашан, пак, за состојбата со медиумите, Груевски вели дека „проблемот со медиумите во Македонија не е во немањето на слобода, туку во тоа што повеќето од медиумите се пристрасни, едни за власта, а други за опозицијата, односно само неколку се неутрални“.
Груевски се осврна и на можноста земјата да ја загуби препораката од страна на Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Европската унија, доколку не се реши моменталната криза.
„Тоа е точно, но ние и од претходните препораки немавме некоја полза. Немаше почеток на преговорите, меѓутоа доколку не добиеме нова препорака од Комисијата, тоа ќе биде чекор назад. Еврокомесарот Јоханес Хан ни помогна многу. На 2-ри јуни потпишавме договор кој ќе ни обезбеди избори во април. Така ќе се дојде до решение, и преку анкетна комисија во парламентот. Во наш интерес е да имаме кристално јасни избори“, вели Груевски во интервјуто за австрискиот весник.
Говорејќи за можноста од нови меѓуетнички конфликти, Груевски вели дека во земјата нема потенцијал за такво нешто.
„Во Македонија нема потенцијал за етнички конфликти. Албанците се целосно интегрирани, дури и како дел од Владата. Во инцидентите во Куманово немаше меѓуетнички конфликти, тоа беше 30-часовна битка меѓу македонските безбедносни сили и терористите кои дојдоа од нашата соседна земја Косово“, изјави Груевски.
Тој додаде дека доколку Македонија претходно ги започнеше преговорите со ЕУ, тогаш земјата ќе немаше толку проблеми.
„Во 2008-та ги остваривме сите критериуми за влез во НАТО. Во 2009-та година Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори. Членките на ЕУ не успејаа да најдат начин за Македонија да оди напред. Сигурен сум дека доколку преговорите со ЕУ беа започнати, ќе немавме многу проблеми“, вели Груевски во интервјуто за Die Presse, додавајќи дека смета оти „ЕУ е 100 процентно фокусирана на грчката криза и нема капацитет да направи нешто повеќе“./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.