Европа
За Путин убиството на Немцов е политичко
Рускиот претседател Владимир Путин во средата изјави дека убиството на рускиот политичар и жесток критичар на политиките на Кремљ, Борис нецов претставува срамна трагедија со политичка заднина.
Поранешниот покраински гувернер, министер за енергетика и прв вицепремиер, 55-годишниот Борис Немцов беше застрелан со четири куршуми во грбот додека со партнерката, 23-годишниот украински модел Ана Дурицка во петокот пред полноќ минувал преку Големиот мост на реката Москва, недалеку од Црвениот плоштад и Кремљ. Од неколкуте политички убиства последните две децении, ликвидацијата на Немцов наиде на најголем одек и во самата Русија но и во странство, во заднината на украинската криза, особено по непотврдените тврдења дека опозиционерот и соосновач на либералната парија СРС Парнас планирал да обелодени материјали за наводната руска вмешаност во војната во источна Украина.
Руската власт, покрај отворената голема истрага посветува внимание и на верзијата за можна политика провокација со цел да се дестабилизира политичката состојба во Русија.
„Траба да се обрати големо внимание на злосторствата кои силно одекнуваат во јавноста, вклучително и на оние со политичка заднина. Во Русија не би смеело да се случуваат срамни трагедии каква што видовме неодамна. Мислам на убиството, безочното убиство на Борис Немцов во самиот центар на престолнината“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во говорот одржан на состанокот со челните функционери на министерството за внатрешни во средата.
Во саботата веднаш по убиството на Немцов, Путин преку својот неговит кабинет изрази жалење поради убиството и објави дека лично го презема надзорот врз истрагата во којашто се вклучени и шефовите на сите истражни и разузнавачки службид неговиот кабинет. Во соопштението, исто така, беше искажано дека би можело да станува збор за нарачано убиство и провокација пред одржувањето на најавениот митинг на опозицијата против кризните мерки што ги воведе руската влада во врска со западните санкции поради наводната руска улога во украинската криза и соодветниот руски одговор со забрана на увоз на западни стоки во недела во Москва, што требаше да го води Немцов. „Путин истакна дека станува збор брутално убиство коешто ги има сите знаци на нарачано и оти е исклучиво со провокациска природа“, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Засега нема уапсени осомничени. Во средата директорот на разузнавачката Федерална служба за безбедност (ФСБ) изјави дека истрагата довела до неколку осомничени, но одби да даде поединости.
Претпладнето руските медиуми објавија дека е идентификуван автомобилот марка „форд“ по кој полицијата трагаше во врска со можна инволвираност во убиството, и оти му припаѓа на министерството за финансии. Министерството брзо реагираше со соопштение дека станува збор за возило на агенција за обезбедува која е ангажирана за безбедноста на владини институции, меѓу другите и на министерството за финансии. Беше истакнато и дека автомобилот пристигнал на местото на злосторството на мостот кога веќе таму било пристигнато полициско патролно возило./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

