Црна хроника
Два месеца затворска казна за оштетување електрични кабли во Неготино
Основниот суд во Неготино, гo осуди лицето С.В. на затворска казна во траење од два месеца, за сторено кривично дело – уништување или оштетување јавни инсталации.
На 22 јуни 2005 година околу 08.30 часот, на ул. „Индустриска бб„ во Неготино, обвинетиот С. В. без одобрение од надлежен орган вршел ископ на земја со градежна машина – багер, иако бил свесен дека поради тоа може да предизвика сериозни последици.
При ископот оштетил три доводни електрични кабли на трафостаници, предизвикувајќи прекин на електрична енергија кај домаќинствата и бизнис корисниците, како и материјална штета на ЕВН Македонија за оштетената мрежа.
Утврдената казна затвор нема да се изврши, доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори било какво друго кривично дело. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

