Скопје
Отворена реновираната библиотека „Јане Сандански“ во Аеродром
Реновираниот објект на библиотеката „Јане Сандански“ во Аеродром, која е дел од градската библиотека „Браќа Миладиновци“, е отворен во среда, 12-ти ноември.
На настанот присуствуваа градоначaлникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Бранко Цветковски.
„Со целосното реновирање на овој клон во општина Аеродром, сакаме да го доближува пишаниот збор до поголем број граѓани, вљубеници во читањето. На посетителите на овој клон ќе им бидат достапни 20.000 наслови, а во новоотвореното електронско катче периодично ќе имаат можност и бесплатно да читаат поголем број е-часописи“, рече Трајановски.
Тој додаде дека за реализација на овој проект oд буџетот на Градот се издвоени 1.200.000 денари, а во иднина планирано е и отворање на нови клонови во другите скопски општини.
Директорот на библиотеката „Браќа Миладиновци“, Бранко Цветковски, посочи дека во реновираниот објект целосно е заменета електричната инсталација, набавени се нови маси и полици за книгите, направен е бесшумен под, поставени се и нови прозорци, со што објектот влегува во категоријата на енергетски ефикасни објекти.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

