Надворешна политика
Иванов во Порторож на самит за Бизнис лидери во Југоисточна Европа
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов од недела престојува во работна посета на Република Словенија, каде во рамките на Брдо Бриони процесот, ќе учествува на „Самит 100 – Бизнис лидери во Југоисточна Европа“, кој ќе се одржи во Порторож.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов од недела престојува во работна посета на Република Словенија, каде во рамките на Брдо Бриони процесот, ќе учествува на „Самит 100 – Бизнис лидери во Југоисточна Европа“, кој ќе се одржи во Порторож.
Иванов ќе има обраќање на панелот на лидерите на тема „Нов договор за нова ера“, а ќе учествува и на состанокот на лидерите од Брдо Бриони Процесот со членовите на Бордот на директори на „Самит 100“.
Главната тема на дискусија на годинешниот самит е улогата на главните градови во регионот со цел инклузивен и одржлив развој, а во соработка со државните институции, бизнис заедниците и Европската комисија.
На „Самитот 100“ предвидено е учество на претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, на претседателот на Република Косово, Атифете Јахјага, на претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ и на српскиот министер за економија Жељко Сертиќ.
Во рамки на посетата, предвидени се и билатерални средби на македонскиот претседател.
„Самитот 100“ се одржува по четврти пат и на него учествуваат бизнис лидери и истакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа. Досега овој самит беше одржан во Република Србија во 2011 година, во Црна Гора во 2013 година и во Република Хрватска во 2014 година, а покровител на четвртиот самит во Порторож е претседателот на Република Словенија, Борут Пахор./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.