Црна хроника
Струмичанка се задушила во пожар додека спиела

Жителка на струмичкото село Куклиш се задушила во пожар којшто избувнал во куќата во којашто живеела додека спиела, соопшти МВР.
Пожарот избувнал во вторникот вечерта во 22.30 часот на долниот кат од куќата. Во пожарот изгорел целиот кат, а шеесетгодишната Еленка З. починала од труење од чад. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Пожарот е изгаснат, а увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Струмица./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.