Регион
Полициски специјалци на РС осомничени со оружен грабеж

Петмина припадници на Специјалната полиција на Република Српска (РС) уапсени се поради сомнение дека учествувале во кражба на 300.000 евра, кои ги превезувало специјално комбе од Бања Лука за Загреб.
Еден од уапсени припадници на Специјалната полиција бил ангажиран на обезбедување на српскиот премиер Александар Вучиќ за време на посетата на Сребреница.
Филмската кражба била забележена од надзорна камера поставена на блиндираното возило, кое ги превезувало парите.
На снимката се гледа како возилото кое превезувало околу 300.000 евра запира, а пред него се паркира „ауди“, чии врати се отвораат дека возилото е во движење. Од „аудито“ излегуваат пет вооружени маскирани машки лица. Тие со кундак од пушка го кршат стаклото од возилото кое ги превезува парите и под закана со оружје вадат двајца работници на „Сектор секјурити“, кои биле ангажирани како обезбедување.
Грабнувачите ги извлекуваат од кола и возачот и совозачот, додека двајцата припадници на обезбедувањето лежат на земја.
Во пукотницата во која биле користени автоматски пушки и ракетен фрлач „зоља“, ранет е еден припадник од обезбедувањето.
Автомобилот Ауди А’ пронајден е по два дена сокриен во шумичка, недалеку од местото на настанот. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.