Регион
Орбан се закани со апсење на побунети емигранти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди во петокот дека унгарската полиција од следната седмица ќе презема поостри мерки против бранот мигранти коишто, како што вели, се побуниле против унгарските власти, ги заземаа железничките станица станици и одбиваат да се регистрираат.
Унгарија, којашто е клучна станица за бегалците и мигрантите на нивниот пат кон богатите и великодушни во поглед на азилот земји од Европската унија како Германија или Шведска, забрзано ја подига оградата по должината на границата со Србија којашто треба да биде завршена еден месец пред првично зададениот рок на 31-ви октомври, за да го сопре бранот бегалци.
Повеќе од 170.000 бегалци влегле во Унгарија од Србија од почетокот на 2015 година. Повеќето од нив не сакаат да бидат регистрирани во Унгарија, стравувајќи дека да не бидат задржани во оваа земја или подоцна да не бидат вратени во неа, како прва земја во којашто се регистрирани на територијата на Европската унија, и во моментов ја користат подготвеноста на Австрија и Германија да ги прифатат.
„Имајќи предвид дека се соочуваме со бунт на илегалните мигранти, полицијата добро ја врши својата работа, без употреба на сила“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со Манфрд Вебер, челникот на Европската народна партија (EPP) во Европскиот парлaмент, пренесува агенцијата Reuters.
„Ги заземаа железничките станици, одбиваат да дадат отпечатоци од прстите, не сакат да соработуваат и не сакаат да појдат на местата на коишто и добиле храна, вода и други продукти и медицинска грижа“, рече Орбан оценувајќи дека „тие се побуниле против унгарскиот правен поредок“.
Унгарскиот премиер најави дека од следната седмица, кога на сила ќе стапат построгите закони за имиграцијата, мигрантети кои илегално ќе ја минуваат унгарската граница ќе бидат апсени. „Од 15-ти септември унгарските власти нема да го простуваат илегалното преминување на границата“, порача Орбан.
Премиерот Орбан, исто така, ја повика ЕУ да ѝ помогне на Грција, првата земја во Унијата во којашто пристигнуваат имигрантите, главно од Сирија, Ирак и Авганистан, и што поскоро да донесе одлука за распоредување на европските сили на грчката граница коишто би им помогнале на грчките власти во спроведувањето на европските прописи.
Во Унгарија во вторникот беа донесени нови закони, според коишто илегалното минување на границата е кривично дело кое може да биде казнето со до три години затвор. Сечењето на оградата на границата, пак, може да биде казнето со до пет години затвор.
Унгарија презема интензивни напори за блокирање на бегалците на границата со Србија, па така министерот за одбрана Иштван Сомижко во петокот изјави дека 3.800 војници се испратени во пограничната зона за да се забрза подигнувањето на оградата висока меѓу 3,5 и 4 метри и долга 175 километри, којашто ќе се протега по еден дел од границата, додека другиот дел ќе биде обезбеден со бодликава жица. Тој за телевизијата TV2 рече дека војската ќе помогне во осигурувањето на границата. „Потребна ни е зајакната одбрана на границата, самата ограда не е доволна“, рече.
Унгарскиот парламент на 21-ви септември треба да одлучува за тоа дали на војската ќе ѝ дозволи заедно со полицијата да патролира по должината на границата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.