Свет
Десет војници убиени во напад на колумбиските герилци
Десет колумбиски војници се убиени во напад на герилци во источната покраина Арауака на границата со Венецуела, соопшти во неделата армијата обвинувајќи ги за нападот Револуционерните вооружени сили на Колумбија – ФАРК.
Десет колумбиски војници се убиени во напад на герилци во источната покраина Арауака на границата со Венецуела, соопшти во неделата армијата обвинувајќи ги за нападот Револуционерните вооружени сили на Колумбија – ФАРК. Еден ден претходно, сличен напад беше изведен и во покраината Нарино, на границата со Еквадор, во кој исто така беа убиени десет припадници на вооружените сили на Колумбија. Од историјата е познато дека ФАРК вообичаено ги засилува нападите врз војската пред избори, а населението во Колумбија на 30-ти октомври треба да ги бира гувернерите, градоначалниците и советите на општините. Герилската организација ФАРК е активна од 1960-те години, но по офанзивата на армијата во 2002 година, оваа радикална левичарска фракција е значително ослабена. Меѓутоа, нејзините припадници и натаму покажуваат способност да изведуваат напади о д помали размери, но со многу жртви. Вооружената формација FARC (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia), како и другите помали екстремни организации во Колумбија, се финансира од продажби на кокаин, a e формирана во 1964 г. од страна на Комунистичката партија на Колумбија. Тие поведоа војна за воспоставување на „Нова Колумбија“ или „општество на социјална справедливост и еднаквост“. Таа е ставена на списокот на САД и на Европската Унија како една од терористичките организации.Аналитичарите велат дека досега најмоќната бунтовничка организација во Колумбија од 2002 г. претрпува силни порази од владините сили, а во последно време се забележани масовно дезертирање од нејзините редови, па бројката нејзини борци во моментов се проценува до седум илјади.Успехот во борбата против оваа пaравојска му се припишува на поранешниот претседател Урибе, чиј татко во 1983 г. беше киднапиран и убиен од оваа организација. Урибе го сметаат за херој во Колумбија, бидејќи им нанесе големи загуби на бунтовници и притоа привлече странски инвестиции во земјата, која со децении е поделена од граѓанска војна. Неговата политика добива значителна поддршка во воена помош и парични средства од САД./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

