Црна хроника
Двајца Абанци со преправен пасош сакале да поминат граница
Во сабота вечер, на граничниот премин „Табановце“, во два одделни случаи, државјани на Албанија се обиделе да ја поминат границата со скинати страници во пасош и прелепувани други, соопшти МВР.
Имено, во 19.05 часот на ГП „Табановце“, на излез од Македонија, при извршена пасошка контрола и увид во патната исправа од страна на полициски службеници поради постоење сомнение за фалсификување на патна исправа приведен е Т.И.(37) oд Подградец Албанија. Страниците бр.15 и 16 биле направени од несоодветна хартија и вметнати во патната исправа.
Исто така, со 18 часот, при извршена пасошка контрола и увид во патната исправа од страна на полициски службеници поради постоење сомнение за фалсификување на патна исправа приведен е М.Ф.(31) oд Албанија.
Патната исправа намерно била оштетена со вметнување на страници од друга патна исправа и преправка на документски број.
Се преземаат мерки за расчистување на настаните./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

