Европа
Варуфакис бара извинување за германската сатира, но останува ‘проблем’ во преговорите
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис побара во четвртокот извинување од сатиричкиот канал на германската телевизија ZDF која призна дека манипулирала со видеоснимката на која е прикажан како покажува простачки гест на сметка за германската влада, но поради своите остри интервјуа, недипломатското однесување, фотографирањата во стилот на поп ѕвезди и постепено стана грчки проблем во решавањето на грчкиот должнички проблем, сметаат неговите европски соговорници.
Водителот на германското вечерно ток-шоу Џон Беормерман ја презема одговорноста за манипулацијата со две години старата снимка од загрепскиот Сабверзив филм фестивал и призна дека реченицата на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во која вели дека на германската влада траба да ѝ се покаже „средниот прст“ ја монтирал со снимка на актер кој таквиот гест навистина и го покажал.
Варуфакис, кој во Германија е критикуван бидејќи со тамошниот министер за финансии Волфганг Шојбле остро се спори околу условите за отплаќање на грчкиот долг, веќе претходно демантираше дека направил таков гест и тоа го повтори за телевизијата на Reuters.
„Недвосмислено реков дека е манипулирано со видоеснимакта и оти претставува срам за телевизијата со неа да се користи за да го ‘вжешти’ инаку многу добриот разговор. Сега е сосема јасно дека е манипулирано, како и што реков“, изјави Варуфакис и додаде дека „германскиот народ заслужува подобри медиуми“.
Високи германски политичари го обвинија дека лаже и со тоа дополнително ја заострија атмосферата пред посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Берлин, кој во понеделник треба да води тешки преговори со канцеларката Ангела Меркел за начинот на отплаќање на грчкиот долг.
Иако Варуфакис со своето однесување наидува на многу критики во Европа, многу Грци го сметаат за „освежување“ и човек кој на своите колеги од Еврогрупата (министрите за финансии од земјите членки на еврозоната) отворено им ја кажува вистината за принудното штедење во економијата којашто повеќе од пет години е во рецесија. Меѓутоа, неговата подготвеноста да ги крши конвенциите на европскиот начин на разговарање предизвикува констернација, и тоа не само меѓу „штирканите“ министри за финансии и бирократи од Европгрупата.
Педесет итри-годишниот Варуфакис, економист кој себеси се нарекува „неуреден марксист“, а популарноста ја стекна откако коалицијата на радикалната левица Сириза победи на предвремените парламентарни избори на 25-ти јануари и новиот премиер Алексис Ципрас го именуваше за министер за финансии.
За помалку од два месеца на оваа функција успеа да се испокара со соговорниците во Берлин, Брисел и Франкфурт, и помалку станува товар за Грција којашто се обидува да го избегне банкротот и да остане во еврозоната, коментира Reuters.
За Грците тој, пак, во крајна линија се бори со страста којашто им недостигала на неговите конзервативни претходници. Анкетите покажуваат дека владата на Ципрас и натаму ужива поддршка од јавноста во преговорите со Брисел, иако досега нема многу успех.
Варуфакис кој последните неколку седмици крајно ги влоши односите со германскиот колега Шојбле, не бил достапен за Reuters, но грчки функционер вели дека „интелектуалната харизма“ на Варуфакис предизвикува и одушевување и презир. „Неговиот мир ги остава без текст. Тој прашува, но не му одговараат. Изгубивме третина од националниот доход, како можеме да ги враќаме заемите? Пред две седмици почнаа да ја напаѓаат личноста на Варуфакис, и на тој начин сака да се отарасат од него“, оценува неименуваниот грчки фунцкионер.
Некои од функционерите приватно зборуваат за „проблемот наречен Варуфакис“ и го обвинуваат за наклонетоста кон правење претстави, недоследност и индискреција која уништува довербата и ги загрижува инвеститорите. „Тој е симпатичен, но не оди тоа така. Со Варуфакис е тешко се постигнува работите да останат во доверба“, изјави еден министер за финансии од еврозоната кој сакал да остане анонимен./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

