Контакт

Надворешна политика

Груевски на самитот на EPP ги претстави заложбите за интеграција на Македонија

Објавено пред

Македонскиот премиер Никола Груевски во четвртокот попладнето во Брисел ги претстави заложбите на земјата за евроатлантските интеграции на редовниот самит на Европската народна партија (EPP), којашто ги обединува конзервативните и партиите од десницата, чиј член е и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а на на кој учествуваа шефовите на влијателни европски партии и политички лидери, меѓу кои и челниците на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер односно Доналд Туск.

dobivaj vesti na viber

Домаќин на настанот беше претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол, пренесе дописникот на МИА од Брисел, а меѓу присутните биле и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, премиерот на Ирска, Енда Кени, премиерот на Португалија, Педро Пасос Коељо, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и поранешниот француски претседател Николас Саркози…

Како што изјавил Груевски за агенцијата, на овој самит на најголемата политичка партија во Европа, имал можност да се сретне со голем дел од присутната европска политичка елита и да поразговара за случувањата во Македонија, како и детално да ги информира за она што македонската Влада го презема со цел излегување од политичката криза.

„Ова беше добра можност да се сретнам со повеќемина од присутните и неформално да поразговарам со нив, пред сé за Македонија, а поврзано со актуелната политичка криза и нашите заложби за надминување на оваа криза. Како што знаете, Владата експресно ги прифати препораките на Европската комисија, поврзани со воведување на натамошни реформи и зголемување на стандардите во повеќе области, претежно области покривани од поглавјата 23 и 24. Нашиот план е тоа да се одвива со многу брза динамика, па така и ќе се одвива“, изјавил Груевски по завршувањето на самитот на EPP.

Според македонскиот премиер, прикажувајќи ги двете позиции, како на Владата, така и онаа на опозицијата, на своите соговорници им ги претставил плановите на Владата за да се стори сé што е потрбено за да се излезе од сегашната ситуација колку што е можно побрзо.

„Во тој контекст, секако ја побарав и поддршката за Македонија од сите со кои имав можност неформално и да поразговарам, за и натаму да не бидеме надвор од нивниот фокус, во смисла да се остави ова прашање и воопшто да се остави Македонија како прашање за натамошното проширување на Европската унија“, потенцираше Груевски.

Иако на состанокот на челниците на партиите од EPP беа најавени пет теми за дискусија, во пресрет на самитот на Европскиот совет што започна во четвртокот навечер во Брисел, сепак, Груевски потврди дека доминантни во дискусијата со Меркел, Јункер, Туск и другите европски челници биле две теми, односно финансиската криза во Грција и преговорите Атина – Брисел, како и проблемот со мигрантите од Африка и Блискиот исток.

„Има различни видувања за тоа каде треба да се продолжи во однос на проблемот со Грција. Од потврди ставови што укажуваат на тоа дека било-какво сериозно попуштање ќе значи негативен сигнал кон некои други држави и одредени помеки ставови што укажуваат на ризиците со кои може да се соочи Европа ако ситуацијата заврши на полош начин“, рекол Груевски.

Најголем дел од времето на дискусија, европските лидери потрошиле на миграциската политика и генерално проблемот со мигрантите што доаѓаат од Африка и од Блискиот исток. Според македонкиот премиер, претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер, има подготвено одреден план за решение на проблемо, што некои од присутните денеска го поддржувале, а некои изразиле скептичност.

„Планот е поврзан со квоти за примање имигранти, но ќе видиме што до крајот ќе се реши. Беа ислушани повеќето од претставниците на земјите членки на ЕУ кои ги дадоа своите коментари. Во секој случај, проблемот со огромниот наплив на имигранти што засега се брои во ијадници, говорам во рамките на една национална економија, се очекува во иднина да прерасене и во поголем проблем што ќе се брои во милиони. Она што беше истакнато во делот на ризиците е дека доколку се усвои таква политика, дека тоа може да ги охрабри дополнително мигрантите, кои можеби не планрилае да тргнат кон Европа, тоа да го сторат, знаејќи дека веќе се прифатени по квоти, па каде и да се прераспределат во квотите, некаде ќе им биде подобро отколку таму каде што се во моментот, додал Груевски.

Заклучок од денешната дискусија на самитот на EPP за имигрантите е дека ова прашање не може да се остави да се решава во рамки на националните граници на одредени земји. Според македонскиот премиер, треба да се има заедничка европска политика и дека ќе се види следние два дена на самитот на Европскиот совет, што точно ќе биде усвоено./крај/мф

Извор: МИА

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Фон дер Лајен: Путин мора да седне на преговарачка маса, Европа ќе ја одигра својата улога

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес разговараше телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд...

Топ3 часа

21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко...

Топ3 часа

Битолчанец се удавил во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од...

Македонија4 часа

Мицкоски до Филипче: Време е да бидат конструктивна опозиција, растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на Владата на СДСМ

„Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум...

Македонија5 часа

Османи: Албанците никогаш нема да прифатат некој друг да одлучува во нивно име

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на последните изјави на премиерот Мицкоски, кој најави...

Македонија6 часа

Арсовска: „Такво време дојде, ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на...

Македонија8 часа

ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок

Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна...

Свет9 часа

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“,...

Топ9 часа

Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија10 часа

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет10 часа

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија22 часа

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија1 ден

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија1 ден

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија1 ден

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ1 ден

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија1 ден

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ1 ден

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија1 ден

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...