Македонија
Завршен збор на одбраната за сообраќајката на Тоше в среда

Одбраната на обвинетиот Горѓе Ѓорѓиевски, кој кобниот 16-ти октомври управуваше со туарегот на Тоше Проески, в среда ќе го даде завршниот збор
Одбраната на обвинетиот Горѓе Ѓорѓиевски, кој кобниот 16-ти октомври управуваше со туарегот на Тоше Проески, в среда ќе го даде завршниот збор.
Вака е решено на просецот за сообраќајната несреќа во која загина поп ѕвездата Тоше Проески, што по петмесечна пауза продолжи во понеделник во Основниот Суд-Скопје 1.
Ниту на ова рочиште не се појави единствениот сведок во случајот, возачот на камионот Славиша Кузмановиќ, иако судот констатираше дека бил уредно поканет.
Одбраната на Ѓорѓиевски уште еднаш до судот и обвинителството ја достави медицинската документација во која се докажува нарушеното здравје на обвинетиот од моментот на несреќата досега, а побараа и да се изврши ново техничко вештачење на џипот поради контрадикторноста во претходното.
Судот го одби ваквото барање и за среда го закажа и финалното рочиште во кој адвокатите на Ѓорѓиевски и на семејството Проески ќе ги дадат своите последни зборови по што треба да следува пресудата. /крај/вм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Манасиевски: Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како со Смилковско и Младенов, за кои лажеше со години

Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како Заев со Смилковско езеро и Младенов, за кои лажеше со години? Дали Венко Филипче кога вели дека нема друг како Заев и дека народот треба да учи од него, дали мисли и на лагите и злоупотребите на човечките трагедии? Дали Филипче се восхитува на Заев кога тој лажеше дека ќе ја каже вистината за смртта на Младенов и убиството кај Смилковско езеро, за потоа да се испостави дека лажел“, праша на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Доплнително Манасиевски праша, дали Венко Филипче сака да манипулира дури и со човечки судбини, само за да дојде на власт, а потоа во стилот на Заев ,,пу, пу не важи”.
„Зоран Заев е причина за проблемите на Македонија, причина за тагата и бројни неуспеси, криминал и корупција. Венко Филипче да каже, што точно од тоа му е пример за учење?
Добро е што Венко Филипче призна се од почеток, за народот да нема дилема дека тој е втор Зоран Заев“, вели Манасиевски.
Македонија
Левица: Слободата на медиумите се доведува во опасност секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт

Само шест месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година беа доволни за Македонија да падне за шест места на Индексот за слобода на медиумите. Со падот од 36 на 42 место во Индексот за слобода на медиумите, државата е на последно место од земјите со „задоволителна“ состојба, со тенденција да се спушти помеѓу државите со „проблематична“ состојба во медиумите, велат од Левица.
„Во индексот на Репортери без граници се наведува дека „владините функционери имаат тенденција на лоши и понижувачки ставови кон новинарите“, како и работа на новинарите во лошо и непријателско опкружување. Состојба, која потсетува на односот на државата кон медиумите од времето на груевизмот, кога државата беше најлошо рангирана на овој индекс помеѓу европските земји. Како сериозен удар врз објективното новинарство е наведен законот со којшто „повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание“. Закон, што Левица го блокираше амандмански, но широката коалиција го заобиколи и искористувајќи ја алатката „европско знаменце“ донесе класичен анти-европски закон, којшто е основна причина за пристрасно и провладино однесување на одредени медиуми“, се наведува во соопштението.
Слободата на новинарите и медиумите, велат од Левица, е неопходна за развој на едно здраво и демократско општество.
„Капиталистичкиот систем каде политичката и бизнис елитата функционираат во симбиоза, медиумите и новинарството се подредени на нивните интереси. Поради егзистенционална закана (зависност), објективното и слободно информирање е негова прва жртва. Доведувањето во ваква положба на медиумите е алатка на ВМРО-ДПМНЕ преку која обезбедува загушување на секоја критика кон нивното режимско владеење“, пишува во соопштението.
Македонија
Герасимовски: Центар го поедностави уписот за првачиња, постапката по електронски пат

Општина Центар ги информира родителите на идните првачиња дека постапката за упис во прво одделение е поедноставена и целосно дигитализирана.
Преку веб-страницата на Општината (www.centar.gov.mk), секој родител може брзо и лесно да провери во кое основно училиште припаѓа неговото дете и веднаш да поднесе апликација за запишување.
Со пристап до делот „Урбанизам“ и избор на ГИС порталот, потребно е корисникот да се регистрира, а потоа преку категоријата „Реонизација на училишта“ да ја внесе својата точна адреса. Системот автоматски ја прикажува информацијата за надлежното училиште и нуди линк до електронската пријава за упис. Во случај адресата да не биде автоматски пронајдена, постои можност да се постави точка на мапата и со клик на опцијата „Побарај по локација“ да се добијат истите информации.
„Запишувањето во прво одделение никогаш не било полесно. За само неколку минути, родителите можат да проверат кое е нивното училиште и да ја поднесат електронската апликација. Нашата цел е родителите да се чувствуваат сигурно и поддржано, а децата да го започнат своето образование со позитивно искуство уште од првиот чекор. Продолжуваме да инвестираме во дигитализација, транспарентност и модерни услуги кои навистина го олеснуваат животот“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Со оваа дигитална алатка, Општина Центар, велат од таму, го олеснува процесот на запишување во прво одделение, овозможувајќи родителите со неколку клика да го започнат еден од најважните чекори во образованието на нивните деца.