Контакт

Компании

Инвестицијата на „ОДВ Електрик“ ќе ја придвижи охридската економија

Објавено пред

Изградбата на новата технолошко индустриска развојна зона помеѓу Струга и Охрид, каде на пролет своја фабрика ќе отвори познатата германска компанија за производство на електрични инсталации „ОДВ Електрик“, покрај нови работни места ќе овозможи и развој на локалната економија.

dobivaj vesti na viber

 

 

Ова беше истакнато на презентацијата на активностите за реализација на првата странска инвестиција во оваа зона, на која присуствуваа директорот на Дирекцијата технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, извршниот директор на „ОДВ Електрик“ Лудвиг Батон, извршниот директор на „ОДВ Електрик“ за Македонија Огнен Цубалевски и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пренесе Ohridnews.

Се повеќе инвеститори не се одлучуваат да дојдат во Скопје туку во други градови низ државата. Ваква инвестиција за Охрид со 1.000 вработувања има многу поголемо значење за помал град отколку што би имало за град кој е два или десет пати поголем од Охрид,–рече директорот на Дирекција за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо.

 

Паралено со технолошко индустриската развојна зона Струга – Охрид, се гради и фабриката на „ОДВ Електрик“ на површина од 10.000 метри квадратни. Предвидено е да вработи 1000 лица, а компанијата веќе почна со обука на работнци во своите погони во Украина, каде се произведуваат идентични производи какви што ќе се прават во зоната Струга – Охрид. „ОДВ Електрик“, исто така, почна со пробно производство во адаптиран погон во Охрид каде работат 25 лица, а нивниот број до крајот на годината се очекува да се искачи на 100. Тие ќе добиваат македонски плати кои на почеток ќе изнесуваат 12.000 денари.

 

Не можеме ние да очекуваме германски плати, а македонска продуктивност. Во моментов платите се над македонскиот просек, квалитетни со се што оди со нив, со почитување на правата и на вработените и на работодавачот. Во иднина како ќе расте квалитетот на производството така ќе растат и платите пред се на квалификуваните кадри, изјави Огнен Цубалевски – извршен директор на „ОДВ Електрик“ за Македонија. Тој истакна дека „ОДВ Електрик“ ја избрал Македонија за инвестирање во конкуренција на Романија, Бугарија, Молдавија, Белорусија и Србија, поради поволните понудени услови.

 

Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека реализацијата на првата странска инвестиција во Охрид, ќе овозможи локален економски раст, подигање на животниот стандард и отварање на нови работни места.

 

-Оваа инвестиција претставува своевиден нов импулс во развојот на локалната економија во Охрид и создава услови за креирање нови работни места согласно бизнис плановите на „ОДВ Електрик“. Како локална самоуправа сме силно посветени кон напорите на владата за олеснување на условите за реализација на вакви странски инвестиции во Охрид. Подготвени сме да ги исполниме сите обврски коишто ги презедовме заедно со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и „ОДВ Електрик“ во насока на поддршка на оваа инвестиција, а кои што се во надлежност на локалната самоуправа. Ќе направиме се што е во наша моќ да ги забрзаме постапките кои се во ингеренции на локалната самоуправа со цел овие странски инвестиции што поефикасно да се реализираат во Охрид,-рече Бакрачески.

 

Првата испорака на производи од фабриката на „ОДВ Елетрик“ во Македонија се очекува до крајот на оваа, или на почетокот од идната година. /крај/ох.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Хармонија во движење: внатрешноста на новиот Audi Q3

Објавено пред

· Дигитална сцена: панорамскиот дисплеј вклучува 11,9-инчен виртуелен кокпит на Audi, 12,8-инчен MMI екран на допир и head-up дисплеј.

dobivaj vesti na viber

· Импресивно аудио искуство: со дванаесет звучници со високи перформанси и 420 вати моќност на засилувачот, премиум звучниот систем SONOS нуди импресивно, виртуелно искуство.

· Прилагодена шема на бои: осветлените внатрешни панели на вратите со избор од 30 бои, создаваат емоционално привлечна атмосфера.

Внатрешноста на новиот Audi Q3 покажува како формата и функцијата стануваат едно. Премиум материјалите, интелигентните технологии и прилагодливиот концепт за осветлување и звук се спојуваат за да создадат неверојатно искуство во возењето.

Чисти линии, интуитивно работење и паметна технологија се комбинирани во новиот Audi Q3. Мирниот, јасен дизајн на контролната табла продолжува во чистиот, уреден распоред на конзолата. Едноставниот дизајн и распоредот фокусиран на корисникот, држачите за чаши и покриената фиока за полнење ја одразуваат филозофијата на Audi за „визуелна јасност“. Во срцето на сè е дигиталната сцена: панорамскиот дисплеј – со 11,9-инчниот Audi Virtual cockpit plus и 12,8-инчниот MMI екран на допир – има заоблен дизајн ориентиран кон возачот. Тој е надополнет со опционален head-up дисплеј кој проектира важни информации директно во видното поле на возачот. Рамните рачки на вратите, внимателно комбинираните материјали со меки површини на допир и хромираните детали на прекинувачите го нагласуваат визуелниот шарм на возилото, неговиот квалитет и целокупната удобност.

Повеќе простор благодарение на паметните контроли

Новата контролна единица на воланот со две рачки на управувачкиот столб резултираше со повеќе простор за складирање во централната конзола, ново корисничко искуство и чувство на поголем простор. Со рачката од десно се избира брзината, додека онаа од лево ги контролира функциите за осветлување и функциите за чистење на шофершајбната. Елиминирањето на менувачот од централната конзола ослободува дополнителен простор. Просторот се користи за два држачи за чаши и голем простор за складирање под централниот потпирач за раце што се прилагодува по висина. Ладената индуктивна фиока со моќност за полнење од 15 вати, вклучувајќи два USB-C порти, може да се затвори со лизгачки капак по желба. Два дополнителни USB-C порти се наоѓаат на задниот дел.

Светлосните ефекти создаваат атмосфера

Кога ќе се стемни, различни пакети за осветлување (пакет за амбиентално осветлување plus/pro) го создаваат расположението во внатрешноста. Маркерите на контролната табла и централната конзола ги нагласуваат чистите линии на ентериерот. Јохен Штумпф, развивач на системи за внатрешно осветлување, објаснува: „Тука работевме со светлосни водичи, LED модули и дифузери. Светлосните водичи ја транспортираат светлината, а дифузерот ја распрснува така што таа се појавува како деликатна лента во конзолата.“ Индиректното амбиентално осветлување под панорамскиот MMI дисплеј на и во вратите дополнително ја нагласува внатрешната архитектура. Како нов елемент на дизајнот, предните врати сега се опционално достапни со осветлување со голема површина. Штумпф додава: „За да се постигне овој ефект, над 300 исечоци во облик на дијамант со различна големина се ласерски исечени во панелот од ткаенина. Извор на светлина во облогата на вратите ги осветлува сегментите кои, поради нивните различни големини, покажуваат динамична прогресија на осветлувањето – дури и при отклучување и заклучување на Q3.“ Купувачите можат да изберат помеѓу 30 различни бои, овозможувајќи персонализирано искуство со осветлување.

Виртуелно генериран звук

Опционалниот SONOS премиум звучен систем обезбедува импресивно аудио искуство со виртуелно генериран звук. Дванаесет звучници со високи перформанси, вклучувајќи централен звучник и сабвуфер, испорачуваат моќен звук со максимален излез на засилувачот од 420 вати. Фолкер Земан од маркетингот на производи објаснува: „Целната употреба на звучни рефлексии создава ефект на звук кој те опкружува што го интензивира просторното восприемање на звукот. Благодарение на интелигентната обработка на сигналот, секој што седи во возилото може да ужива во искуство со слушање прилагодено на неговото индивидуално седиште.“

Достапни се четири конфигурирани звучни профили (неутрален, концертен, салон и подкаст), плус прилагодлив звучен профил. Купувачите исто така имаат можност да го подобрат своето звучно искуство со функции што можат да се додадат во секое време преку Функции на барање (FoD). Пакетот со звучни функции го дополнува избраниот звучен систем со три дополнителни функции. Интензификацијата на басот создава попрецизно и помоќно искуство со бас. Автоматското прилагодување на нивото одржува постојана јачина на звук при менување на изворите, а ревитализацијата на музиката го подобрува звукот на компресираните музички датотеки.

Одржливо дизајниран ентериер

Достапни се вкупно девет пакети опрема. За дрвени апликации се користи брзорастечко, отпорно дрво. Внатрешните елементи од ткаенина Impressum се направени од 100 проценти рециклиран полиестер, како и ткаенините за тапацирање Passage, Impressum, еднобојна ткаенина и микрофибер. Сите текстилни и микрофибер навлаки за седишта се систематски дизајнирани со употреба на мономатеријали, така што подоцна можат да се рециклираат како материјали со едно потекло во циркуларната економија, со што се елиминира отпадот и драстично се намалува јаглеродниот отпечаток. Audi произведува кадифени велурни подни простирки користејќи Econyl, целосно рециклирано најлонско влакно направено од стари рибарски мрежи, остатоци од теписи и индустриски отпад. Затоа, Audi се фокусира и на идно ориентирано и ефикасно користење на ресурсите во Audi Q3.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Халкбанк со донација на компјутерска опрема за училиштата и за институциите

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје продолжува да ја демонстрира својата општествена одговорност преку конкретна поддршка за заедницата. Во рамки на своите активности, Банката донираше 27 компјутери и монитори во Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје, едно од најстарите училишта во земјата. Основано уште во 1884 година од страна на Османлиската држава, ова училиште веќе над еден век е важен образовен центар на турското малцинство во Македонија, со богата историја и значајна улога во локалната заедница.

dobivaj vesti na viber

Дополнително, Халкбанк донираше и 146 компјутери и монитори во Македонска пошта, со која Банката има воспоставено долгогодишна соработка и веќе пет години платниот промет во Пошта се одвива преку Халкбанк. Ова партнерство им овозможува на граѓаните добивање на банкарска услуга, да не мораат да одат исклучиво во банка, туку истата да ја добијат и во најблиската пошта, што е особено значајно за сите оние кои живеат во населени места во кои нема експозитури на банките.

Освен стандардните банкарски услуги, на шалтерите на Македонска пошта граѓаните можат да отвораат сметка во Халкбанк, да побараат издавање дебитна или кредитна картичка, да аплицираат за различни видови кредити, дозволено пречекорување, електронско банкарство, добивање пензија преку Халкбанк, како и да добиват други банкарски услуги кои се достапни за клиентите на Банката.

Халкбанк наскоро ќе донира уште 23 компјутери и монитори за уште едно училиште, со цел да се подобрат условите за едукација и работа.

Овие донации се дел од многубројните општествено одговорни активности на Халкбанк, кои имаат за цел да ја поддржат заедницата, да овозможат подобри услови за учење и работа, и да придонесат кон дигиталната писменост и развојот на младите.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

ОКТА: Стабилни резултати во првата половина од годината како резултат на стратешкиот и таргетиран одговор на трендовите на енергетскиот пазар

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Во вториот квартал од 2025 година, светските нафтени пазари останаа нестабилни, погодени од геополитичките тензии, прилагодувањата на производството на ОПЕК+ и умерен раст на побарувачката. Цената на Брент суровата нафтата накратко надмина 73 долари за барел по израелските напади врз иранската инфраструктура, додека стравувањата од прекини во Ормутскиот теснец создадоа нови ризици околу снабдувањето. Истовремено, зголеменото производство на ОПЕК+ и американското производство на шкрилци сигнализираше презаситеност на пазарот, вршејќи долгорочен притисок врз цените. Инфлацијата и санкциите на ЕУ врз руските деривати ги зголемија трошоците, додека растот на глобалната побарувачка се намали на најниско ниво од 2009 година до денес, поттикнато од силната потрошувачка на земјите во развој, но и стагнацијата во развиените економии. На нашето работење во Република Северна Македонија, оваа динамика влијаеше на зголемување на увозните трошоци и поголема ценовна нестабилност, што наложи примена на агилни стратегии за набавка, со цел заштита на маржите.

Во вториот квартал од 2025 година, обемот на продажба достигна вкупно 294 илјади м³, што претставува пад од 3% на годишно ниво, пред сѐ поради зголемената конкуренција од Албанија на косовскиот пазар. ЕБИТДА во вториот квартал од 2025 година ги надмина резултатите од претходната година за 28%, во услови на повисока продажба на домашен пазар, намалено негативно влијание од вреднувањето на залихите во споредба со истиот период лани и повисоките маржи од тргувањето со енергија. Прилагодената ЕБИТДА изнесуваше 167 милиони денари, што е зголемување од 14% споредено со истиот период лани.

Во првата половина од 2025 година, приходите од продажба изнесуваа 17.779 милиони денари, што претставува намалување од 21% споредено со истиот период минатата година. ЕБИТДА забележа мал раст во споредба со истиот период лани, како резултат на зголемените продажби на домашниот пазар, подобрените извозни маржи, зголемена трговија со електрична енергија со повисоки маржи, како и намаленото негативно влијание од вреднувањето на залихите (56 милиони денари).

Прилагодената ЕБИТДА достигна 305 милиони денари, што претставува раст од 19% споредено со истиот период минатата година.

Добивката пред оданочување се зголеми за 107% на 236 милиони денари.

Во согласност со своите стратешки приоритети и посветеноста на одржливиот развој, компанијата инвестираше 12 милиони денари во проекти за обновливи извори на енергија во текот на првата половина од 2025 година. Ваквите инвестиции ги нагласуваат континуираните напори на компанијата за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и забрзување на транзицијата кон почисти извори на енергија, а воедно и остварување на видливи економски придобивки.

ОКТА ја потврди својата посветеност на безбедноста на патиштата и општествената одговорност во вториот квартал од 2025 година, во согласност со нејзината Стратегија за општествена одговорност. Во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, компанијата започна две кампањи за подигање на јавната свест, фокусирани на подобрувањето на безбедноста на патиштата. Понатаму, ОКТА донираше дрон опремен со напредна технологија за рано откривање пожари на Јавното претпријатие Национални шуми, зајакнувајќи ја неговата улога во спречувањето на пожари. Иницијативата беше надополнета со едукативна кампања насочена кон подигање на јавната свест за ризиците од невнимание.

Компанијата исто така продолжи да ја поддржува културата преку спонзорирање на повеќе еминентни културни настани. Во текот на вториот квартал од 2025 година, ОКТА остана силно посветена на развојот на младите преку иницијативи во кругот на компанијата, како што се програмата „Учење преку работа“, праксите и програмата за доделување на стипендии.

Обезбедувањето на сигурно и непрекинато снабдување останува врвен приоритет во денешната динамична средина. Преку континуирано следење и проактивен пристап кон управувањето, ОКТА брзо се справува со потенцијалните нарушувања. Во исто време, фокусот на автоматизација и иновации ја подобрува нејзината оперативната ефикасност и отпорност – овозможувајќи ѝ на компанијата да ја задоволи растечката побарувачка, а воедно да придонесе за поширок општествен напредок и долгорочна одржливост.

Преку воведувањето на иновации и адаптабилност, ОКТА не само што обезбедува континуитет, туку и придонесува за подобрување на општеството, поттикнувајќи одржлив напредок и стабилност за сите.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 минути

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Македонија2 часа

Активен е еден пожар на територијата на Македонија, два се под контрола, извести ЦУК

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е...

Свет3 часа

Виетнам се подготвува за моќен тајфун, ги затвора училиштата и аеродромите

Виетнам ги затвори аеродромите и училиштата и започна масовни евакуации додека се подготвува за најсилната бура оваа година. Се очекува...

Европа3 часа

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет4 часа

Канада е отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа4 часа

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија4 часа

На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија14 часа

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет15 часа

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија18 часа

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ18 часа

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион21 час

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет22 часа

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија23 часа

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет1 ден

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија2 дена

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...

Економија2 дена

Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани...

Свет2 дена

(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска...

Скопје2 дена

„4 години работа за тебе“: Скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружија четиригодишната мисија

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел дискусијата имаа скопските градоначалници. Градоначалникот...

Македонија2 дена

Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет по повод четиригодишната работа на градоначалниците, порача дека веднаш по локалните избори...