Европа
Камерон вети немилосрдна британска акција против имиграцијата
Британскиот премиер Дејвид Камерон најави во четвртокот „немилосрдна акција“ за намалување на бројот на имигрантите, вклучително и заплена на дневната заработувачка на оние кои работат нелегално, во период кога бројот постојано населени имигранти во Велика Британија се искачи на 52 отсто и го достигна највисокото ниво во последните десет години.
Британскиот премиер Девјид Камерон изјави дека следната седмица планира во парламентот да ги испрати новиот закон за имиграцијата и додаде дека лично ќе ја раководи владината работна група во рамките на „поостар, почесен и побрз“ пристап кон проблемот со илегалната имиграција.
„Тој нов закон ќе и нашите пошироки акции ќе доведат до тоа повеќе да немаме куќи преполни со илегални работници, илегалните имигранти да ни ги одолговлекуваат депортациите, ќе им овозможат на Британците да ги работата работите коишто ѝ се потребни на Велика Британија“, порача Камерон.
Се проценува дека бројот на долготрајно населени илегални имигранти во Велика Британија минатата 2014 година пораснал на 318.000 од 209.000 од претходната 2013-та, објави државниот завод за статистика. Тоа е малку помалку од рекордните 320.000 во јуни 2005 година, се наведува во кварталниот извештај на заводот. Процените навестуваат дека минатата година во Велика Британија емигрирале 641.000 луѓе, во однос на 526.000 една година порано.
Најновите податоци го ставаат Камерон на дополнителен притисок, откако тој пред изборите на 7-ми мај вери дека ќе го намали бројот на постојано населени имигранти на 100.000 на годишно ниво. „Денешните податоци говорат уште колку работа има пред нас за да ги оствариме своите цели“, рече британскиот премиер.
Камерон вети дека ќе ги отвори преговорите со Европската унија за условите на британското членство, пред одржувањето на референдумот за останувањето во Унијата во 2017 година.
Поради слободата на движењето во рамките на ЕУ „националните социјални системи можат ненамерно да дадат дополнителен поттик за голем прилив“. „Промената на социјалниот систем за да се намали доаѓањето на имигрантите во ЕУ е биде апсолутно барање во преговорите“, истакна Камерон./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

