Европа
Казни за членките на ЕУ кои не го почитуваат правилата за азил?
Европската комисија се подготвува во средата за преметка со 19 членки на Европската унија кои не го почитувале правилото за азил и против нив има намера да покрене вкупно 40 кривични постапки, пренесува германската агенција DPA повикувајќи се на неименувани извори, додека на грчкиот остров Лезбос само за неколку часа во средата пристигнаа нови 2.500 бегалци.
Повеќе од 2.500 луѓе, повеќето авганистански бегалци, пристигнаа на грчкиот остров Лезбос во средата утрото во интервал од само три часа, а некои од нив се настинати. Околу 40 гумени чамци со по 60 до 70 лица, пристигнаа по дожд на плажа на острово на која се оставени елеци за спасување, пренесува AFP.
Како и Грција, и другите европски земји се соочени со незапаметен прилив од баратели на азил од Втората светска војна, а земјите членки на Европската унија не ги спроведуваат европските правила, како што се регистрација и идентификација на имигрантите и обработка на барањата за азил, во првата земја во којашто ќе влезат.
Германија, која е главната цел на огромниот дел од речиси 500-те илјади мигранти од северна Африка, Блискиот исток и Азија, исто така, се соочува со таквата постапка на нерегистрација и можна казна, рекле изворите на DPA. Не е наведено кои други земји б можело да бидат казнети.
Тие постапки би можеле да завршат со изрекување поголем и парични казни пред Судот на Европската унија. Овластувањата на Европската комисија вклучуваат и обезбедување на спроведувањето на европските прописи.
Оваа вест беше објавена неколку часа пред почетокот на вонредниот самит на ЕУ кој е исклучиво посветена на бегалската криза./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Се судрија два трамваи во Стразбур: повредени најмалку 20 лица
Најмалку 20 лица се повредени при судир на два трамваи во Стразбур, во источна Франција, пренесуваат француските медиуми.
Несреќата се случила откако машиновозачот не ги почитувал знаците и завршил на погрешна пруга пред директно да се судри со неподвижен трамвај.
🚨🇫🇷BREAKING: TRAM COLLISION IN FRANCE LEAVES 20+ INJURED
2 trams collided at a station in Strasbourg, France, near the border of Germany, leaving dozens injured.
Emergency services are on site, cause is unknown.
Source: CNN, BBO, CNews
pic.twitter.com/O9yPAbma7J— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 11, 2025
Според првичните проценки, пет лица се тешко повредени.
Противпожарната и спасувачката служба на Bas-Rhin потврди дека бројни ресурси се мобилизирани и се на лице место.
Повеќе детали наскоро…
Европа
Зеленски: 34 земји ветија дека ќе ѝ помогнат на Украина, очекуваме 2 милијарди долари
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека последната од серијата состаноци со западните сојузници во Германија резултирала со ветувања за дополнителни 2 милијарди долари воена помош во војната против Русија.
Зеленски, во изјава за телевизискиот канал „Моја Украина“ по вчерашната средба, даде неколку детали за помошта, велејќи дека 34 земји ветиле поддршка во различни аспекти.
Тој го оцени состанокот како многу добар, истакнувајќи дека на Украина и биле ветени дополнителни пакети за поддршка во вредност од две милијарди долари, кои вклучуваат воздушна одбрана, информатичка технологија, технологија за деминирање, а поддршката важи и за поморските и воздушните сили и артилерија. „И сето тоа ќе ја зајакне Украина“, рече Зеленски, без да открие за кои земји станува збор.
Зеленски вчера беше на средба со сојузниците во американската воена база во Рамштајн, Германија, на која беше спомената висината на помошта во вредност од околу половина милијарда долари. Украинскиот лидер потоа се состана со италијанската премиерка Мелони во Рим, со која разговараше за подобрување на воздушната одбрана на Украина и напорите за формирање унифицирана позиција насочена кон придвижување кон решавање на војната.
Ројтерс објави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјавил дека Вашингтон ќе и обезбеди на Украина дополнителна воена помош од 500 милиони долари, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана, муниција воздух-земја и опрема за поддршка на борбени авиони Ф-16.
Европа
Четворица цивили загинаа во гранатирање во Украина
Четири лица загинаа во гранатирање во Украина, руската војска е обвинета за жртвите во Доњецк, а украинските сили во регионот Запорожје, соопштија регионалните власти.
Во регионот Доњецк, точката на бавното напредување на Русија на запад долж линијата на фронтот, гувернерот Вадим Филашкин на Телеграм изјави дека две лица загинале кога руските сили го гранатирале градот Сиверск.
Понатаму, на југ, во областа контролирана од Русија во областа Запорожје, две лица загинаа кога градот Камјанка-Днипровска беше под украински оган, напиша на Телеграм Евгениј Белицки, гувернерот назначен од Русија.
Градот се наоѓа на голема акумулација покрај реката Днепар, која ја минува Украина, недалеку од нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите на бојното поле од ниту една завојувана страна.