Европа
Откажани летови од и кон Франција

Стотици летови се откажани од француските аеродроми на вториот ден од штрајкот на контролорите на летови, а многу летови се одвиваат со задоцнување, јавуваат француските медиуми.
Извештаите во понеделник велат дека бројот на откажани летови е многу поголем од очекуваниот.На аеродромот „Орли“ во Париз, еден од шест аеродроми кои се погодени од штрајкот, бројот на откажани летови е околу 33 отсто. Исто толку летови се откажани и од аеродромот во Марсеј.Претходно, се сметаше дека поради штрајкот нема да бидат откажани повеќе од 20 отсто од летовите.На аеродромите во Лион, Ница, Нант и Бове, откажани се дури половина од закажаните летови.Летовите кои се одвиваат во внатрешноста на Франција, исто така, се одвиваат со големи задоцнувања.Парискиот аеродром „Шарл де Гол“ е аеродромот кој има најмногу откажани летови, а оние кои се реализираат, доцнат. Постојат извештаи кои велат дека дел од патниците се упатуваат кон своите дестинации со автобуси.Сите што во понеделник летаат од или за Франција се советуваат да ги проверат нивните летови онлајн, пред да тргнат кон аеродромот.Денеска е втор ден од штрајкот на контролорите на летови, и втор ден многу линии се откажани или летовите доцнат.Огромен број летови меѓу Велика Британија и Франција се погодени од штрајкот.Портпаролот на easyJet потврди дека 82 лета биле откажани во неделата, а 32 се презакажани. Контролорите на летови не се задоволни од бројот на вработени и технологијата која ја користат.Синдикатите забележуваат дека бројот на вработени се намалува, иако воздушниот сообраќај се зголемува. Обвинуваат дека контролорите на летање кои се пензионираат не се заменуваат со нови.Исто така, укажуваат на тоа дека работат со технологија која е децении стара , која не може да следи толку густ сообраќај како што има денеска со што директно влијае на намалување на безбедноста.И повикуваат надлените за авијација итно да вложат во подобрување на состојбите.Ryanair повторно се на чело на штрајкот и повторно ги повикаа патниците да потпишат петиција со која ги поддржуваат нивните барања. Велат дека потоа ќе ја достават петицијата до Европската комисија, па ако не ги слушаат нив, можеби ќе послушаат милион патници./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.