Надворешна политика
Петерле: Подобра политичката атмосфера за побрза интеграција на Македонија во ЕУ
Претседавачот од европска страна со Мешовитиот комитет Македонија – ЕУ, Словенецот Алојз Петерле го поздрави одржувањето на 12-тиот состанок, порачувајќи дека Комитетот ќе работи на тоа „да се подобро политичката атмосера, што ќе придонесе за побрза интеграција на Македонија во Унијата“.
Петерле ги повика сите регионални актери „да ги применат европските принципи, со цел да ги решат билатералните прашања“.
„По 10 години во чекалната, треба да го одблокираме патот кон пристапните преговори“, рече Петерле, предупредувајќи дека континиуираната блокада во евроинтегративниот процес може да доведе до несакани состојби, односно „доколку ЕУ не прави многу за земјите од западен Балакн, тоа ќе го направат други, но не во интересите на Унијата“.
„Со нетрпение очекувам да работам во еден целосно функционален Мешовит комитет, со претставниците од сите парламентарни партии. Во тој контекст, власта и опозицијата имаат заедничка одговорност да бараат подобрување на политичката средина и да овозможат политичка дебата внатре во парламентот. Ова е условот за еден отворен и конструктивен дијалог и за постигнување на конкретни резултати“, изјави Петерле.
„Знаеме дека земјата е подготвена да започне со пристапните преговори и сметаме дека отворањето на преговорите ќе има позитивен ефект врз веќе постоечките билатерални прашања“, заклучи словенечкиот европратеник./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.