Скопје
Бесплатен превоз до Миладиновски рид за „Ден на дрвото“

Општина Илинден и годинава активно ќе се вклучи во акцијата за пошумување во рамките на проектот „Ден на дрво-засади ја својата иднина” што ќе се реализира по 14-ти пат, во среда, 3ти декември.
Годинава ќе се пошумува Миладиновски рид, во населено место Миладиновци на површина од 10 хектари, каде што ќе бидат засадени 35.000 садници.
„За успешна реализација на акцијата ги покануваме сите граѓани, месните заедници, спортските клубови, невладините организации, училиштата, јавните комунални претпријатија, стопaнските субјекти… да земат активно учество и заедно да придонесеме за збогатување на шумскиот фонд“, велат од Општина Илинден.
За таа цел во среда ќе биде организиран бесплатен превоз: од ОУ „Гоце Делчев“ – нас. Илинден; од ОУ „Ристо Крле“ – н.м. Кадино; од Дељадровци и Мршевци и од Средното општинско стручно училиште „Илинден“.
Поаѓањето ќе биде од 09 и 11 часот.
Во досегашните 13 акции на територија на Општина Илинден на површина од околу 600 хектари беа засадени 1.400.000 садници.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Аеродром и Центар денеска без вода

По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека денеска поради планирани зафати без водоснавбдување ќе останат:
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф- 100мм на ул.Пандил Шишков 9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица на високата зона од број 1 до бр.49 и дел од корисниците на ул.Вангел Тодоровски, Руди Чаевац, и Коста Новаковиќ, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот, општина Аеродром;
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф-400мм на ул.Мирче Ацев, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.Кочо Рацин, Славко Јаневски (по старо Стив Наумов), Тетовска, Славе Георгиевски Шнајдерот и дел од Бул.Крушевска Република, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот, општина Центар.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
17 години стар европски бизон угина во Зоолошката градина Скопје

Зоолошката градина Скопје извести дека утрово угинал 17 години стар европски бизон.
„Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина. Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.
Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина.
Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели.
Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме“, велат од Зоолошката градина Скопје.