Европа
Лавров: Многумина во Киев сакаат мировниот договор да пропадне

Русија стравува дека многумина во Киев, но некои и надвор од Украина, сакаат мировниот договор за истокот на земјата да пропадне, изјави Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи.
Лавров ги повика набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да вршат надзор врз повлекувањето на тешкото вооружување во источна Украина во согласност со мировниот договор постигнат во белоруската престолнина Минск на 12-ти февруари, по маратонските 16-часовни преговори меѓу челниците на Украина, Русија, Франција и Германија.
Рускојазичните бунтовници од пред два дена тврдат дека започнале со повлекувањето на тешкото вооружување од позициите на боиштето, меѓутоа Киев е упорен дека украинските сили тоа нема да го сторат додека, според украинските власти, не престанат судирите, како и дека бунтовниците го користеле примирјето за да продолжат со военото напредување.
„Многу нешта во овој момент зависат од искрениот, објективен и непристрасен пристап на набљудувачите кон целата оваа работа. Тие мораат да забележат што се случува на теренот за заедно да успееме да им се спротиставиме на обидите договорот од Минск да биде прикажан како нешто што веќе пропаднало“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во текот на разговорите со претседателот на францускиот Сенат, Жерар Ларше.
„Многумина надвор во Украина, и во Киев, сакаат ова да тргне во друга насока“, истакна Лавров.
Додаде и дека Москва се надева оти Украина „одговорно ќе се однесува“ кон своите обврски во процесот на децентрализацијата на власта во земјата, што е, исто така, една од одредбите на договорот од Минск.
„Во Минск челниците на Франција и на Германија го претставија свето гледиште за она што треба да вклучува концептот на ’децентрализацијата’. Под овие услови се потпишаа сите страни, вклучително и претставниците на Украина. Се надеваме дека тие ќе реагираат одговорно на оваа обврска, меѓу другите обврски коишто ги преземаа врз себе“, рече уште Минск./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин