Свет
Во Лондон уапсен Асанж

Основачот на фамозната итнернет страница Wikileaks, Џулијан Асанж е уапсен во Велика Британија, објави Reuters повикувајќи се на лондонската полиција
Лондонската полиција го уапсила Џулијан Асанж во вторникот наутро околу 9.30 часот. Тој е приведен под обвинение за сексуален напад во Шведска.Марк Стивенs, адвокатот на основачот на интернет страницата Wikileaks, Џулијан Асанж во понедленикот доцна навечер соопшти дека организира „доброволна средба“ на неговиот клиент со британската полиција, која во понеделникот навечер ја доби европската потерница за негово апсење.Судот во Стокхолм во ноември го одобри барањето на обвинителството да го приведе 39-годишниот Австралиец, кој е обвинет во Шведска за силување и сексуално малтретирање, а од 20-ти ноември Интерпол (на барање од канцеларијата на шведскиот обвинител) дистрибуираше до сите 188 земји членки на организацијата ткн. „црвена потерница“ со името на Асанж , што е еднакво на негово влегување на листата на најбарани лица. Aдвокатот на Џулиен Асанж, Марк Стивенс, се надеваше дека Скотланд Јард ќе го отфрли налогот бидејќи тоа ги прекршува законските норми. Во четвртокот, британскиот весник Independent напиша дека Асанж се наоѓа во Лондон, и дека на полицијата и’ ги дал сите негови контакти и адресата на којашто престојува. И покрај тоа, во понеделникот британските власти ги добиле сите потребни документи. „Доцна попладне по завршувањето на работното време добив повик од полицијата која ми соопшти дека добила барање а израчување на Шведска“, изјавил Стивенс за BBC.„Тие бараат разговор со Џулиан Асанж. Тој не е обвинет за ништо. Во постапка сме правење услови за договрен состанок со полицијата за да ги олесниме потребните барања и одговори“, додал Стивенс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.