Македонија
Отворен нов граничен премин меѓу Македонија и Србија
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот српски колега Ивица Дачиќ денеска го отворија граничниот премин Голема Црцорија – Голеш на македонско српската граница во близина на Крива Паланка.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот српски колега Ивица Дачиќ денеска го отворија граничниот премин Голема Црцорија – Голеш на македонско српската граница во близина на Крива Паланка. Двајцата министри најавија наскоро да се направи инфраструктура до овој граничен премин, бидејќи патот до граничниот премин е тешко прооден и по него може да се оди со џип.„Задоволство ми е што го отвораме овој граничен премин кој ќе го користат граѓаните кои живеат од едната и од другата страна на границата. Долги години овде не постоела граница, луѓето живееле без бариери. Од едната и од другата страна има доста луѓе коишто имаат имоти од спротивната страна, работат или нивните деца одат на училиште во другата држава Многу од нив треба да изминат многу километри за да дојдат од другата страна на државната граница. Со ова сега се олеснува комуникацијата меѓу граѓаните од двете страни“, изјави Дачиќ.Министерката Јанкулоска освен овој проект, го најави и финиширањето на иницијативата за минување на државната граница меѓу Македонија и Србија само со лична карта./крај/макфакс/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ахмети: Слободата не е дестинација, туку постојано и незапирливо патување
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати честитка до албанскиот народ по повод 28 ноември, порачувајќи дека слободата не е дестинација, туку трајно и незапирливо патување.
„Почитувани браќа и сестри сонародници, Од се срце ви го честитам денот на знамето и независноста на Албанија.
Оваа 112-годишнина од најсветите денови на нашата албанска нација не потсетува дека напорите за слобода, еднаквост, независност, знаме, јазик се секојдневни и нашите заложби никогаш не треба да престанат, бидејќи слободата не е дестинација, туку постојано и незапирливо патување. Вечност на Албанија и на Албанците!“, пишува Ахмети во честитката.
Скопје
Организирана акција за садење дрвца во општина Кисела Вода
Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации, денес во oпштина Кисела Вода се спроведе голема акција за пошумување. Настанот, кој вклучи засадување на 1000 чемпреси, донација од комапнијата Џонсон Мети и Хуманитарната организација Свети Спас, го предводеа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и заменик генерaлниот директор на ЈП Национални шуми Кире Михаилов, а во акцијата учествуваа и волонтери од Џонсон Мети, како и претставници од локалната администрација. Се садеше во поголемите паркови, Паркот на шахот, како и во паркот “Феникс”, Дупки во Драчево. Во периодот што следува, ќе бидат засадени 500 брзорастечки дрвца, кои ги обезбеди Општина Кисела Вода.
– Секое дрвце што го засадуваме денес е симбол на нашата посветеност кон зачувувањето на природата и обезбедување подобар квалитет на живот за сите нас. Пошумувањето не е само акт на разубавување на просторот, туку и важен чекор во борбата против загадувањето и климатските промени. Грижата за животната средина е високо поставена на листата на приоритети на Општина Кисела Вода, за што говорат седумте новоизградени паркови и 13 спортско-рекреативни центри во овие три години, преку кои, ја оплеменивме општината со 80 000 м2 зеленило. Сакам да упатам благодарност до заменик генерaлниот директор на ЈП Национални шуми Кире Михаилов, до компанијата “Џонсон Мети” и до до отец Оливер и Хуманитарната организација Свети Спас, кои несебично донираа значителен број дрвца за оваа акција, како и до сите волонтери кои се вклучија. Исто така, и ние како општина обезбедивме брзорастечки дрвца, како уште еден од многуте проекти кои ги реализираме за поздраво и поубаво опкружување. Ваквите акции ќе продолжат и во иднина, со уште поголем обем и учество, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 60-годишник, во текот на 2018 и 2019 година, во својство на инвеститор, во Старата скопска чаршија, на постоечки објект – дуќан од 93 м2 во негова сопственост, извел надградба од ходници, скали, лифт, рецепција и други простории, а на соседна парцела извршил целосна изградба на објект – хотел со подрум, 4 ката и поткровје, без да поседува одобрение за градење од надлежното министерство, но и без основен конзерваторски проект и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство.