Македонија
Иванов, Сејдиу, Топи и Вујановиќ упатија порака за напредок на регионот

Преку исклучителна заедничка соработка, слободно движење и заложба за економска соработка денеска од Призрен претседателите на Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора, упатија порака и волја до меѓународната заедница за напредок на регионот.
Преку исклучителна заедничка соработка, слободно движење и заложба за економска соработка денеска од Призрен претседателите на Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора, упатија порака и волја до меѓународната заедница за напредок на регионот. Ѓорге Иванов, Фатмир Сејдиу, Бамир Топи и Филип Вујановиќ побараа искуството од слободното движење на граѓаните меѓу четирите земји да се примени и за шенген-зоната, односно албанските и косовските, заедно со македонските и црногорските граѓани да можат слободно да патуваат во европските земји, што според нив, ќе биде добра основа за економски развој и напредок во евроинтеграциите. „Нас не радува што нашите два соседи го имаат овој статус на слободно движење на граѓаните. Албанија е на прагот на добивањето на тој статус и забележав дека таа иста радост е присутна кај моите колеги. Нагласив дека прашањето на слободно движење на луѓето треба да се однесува и на граѓаните на Косово, односно да не бидат исклучени од тоа“, изјави албанскиот претседател Топи. „Наша обрска е во нашите земји да воспоставиме ред, да владее законот и правото над се и да се спречи се што се коси со тоа“, рече косовскиот претседател Сејдиу. Сејдиу од своите колеги доби охрабрување Приштина да започне директен дијалог со Белград, констатирајќи дека дијалогот носи доверба меѓу државите. „Сите проблеми и прашања во регионот мора да се решаваат со дијалог. Комуникацијата ја враќа довербата меѓу страните. Би се радувале кога на некоја под следните средби би ги виделе и српскиот и грчкиот претседател, Тадиќ и Папуљас“, изјави претседателот Иванов. „Имаме еден дијалог меѓу Македонија и Грција и сакаме што поскоро да заврши за да може Македонија што побрзо да влезе во НАТО и ЕУ“, рече црногорскиот претседател Вујановиќ, кој објасни дека дијалогот меѓу Приштина и Белград мора да поаѓа од реалноста дека 69 држави ја признаваат косовската независност, но и од реалноста дека 123 членки на Обединетите Нации не ја признаваат самостојноста на Косово. Македонскиот претседател рече дека покренал иницијатива следниот регионален самит на претседателите да се одржи во Македонија. Четворицата претседатели констатираа голем напредок во меѓусебните односи споредено со првиот регионален самит, што минатата година се одржа во Валона, Албанија. Денешниот самит се одржа во околината на Призрен, а беше проследена од бројни претставници на медиумите од регионот. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников, ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше министерот Панче Тошковски, прашувајќи зошто го дозволил неговото повторно именување. Но ВМРО-ДПМНЕ попладнево излезе со тврдење дека бил вратен на работа од кадар на Социјалдемократите, приложувајќи го решението на второстепената комисија во таа насока.
„Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово. Прашањето е зошто? Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски.“, пишува во фејсбук објавата на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ подоцна излезе со тврдење дека Панче Тошковски го суспендирал командирот од Ропотово, но Даница Чадиева од СДСМ претседател на Второстепена комисија, бивш претседател на СДС Велес го вратила на работа. Се додава и дека МВР постапува по решението на Второстепена комисија која ја води Чадиева. Партијата во прилог го испрати решението.
Македонија
Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење во службата.
Според информациите од истрагата, тие во текот на 2023 година не извршиле соодветен надзор врз работата на подредените раководители на подружници, со што овозможиле да се реализираат набавки спротивно на законската постапка.
На овој начин, биле направени набавки во вредност од 56.546 евра, со што е надминат дозволениот праг, а на буџетот на компанијата му била нанесена директна штета од над 32.000 евра.
Македонија
Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари, поради сума од 3.600.000 денари, односно над 58.000 евра.
„Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист – од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата на парични средства злоупотребувајќи печат на општината како и скратен потпис на актуелен градоначалник на истата“, велат од МВР.
Притоа откако ги пуштил паричните средства од тресорска сметка парите биле префрлени по основ на три налози кон правно лице од Скопје, а дополнително осомничениот формирал уште едно правно лице во кое тој бил сопственик каде што исто така пуштил уште два парични налози. На тој начин осомничениот Д.А. го оштетил буџетот на општина Шуто Оризари за 3.600.000 денари.