Македонија
Државниот врв на Златоустовата литургија во чест на Боќик

Со желби за повеќе здравје, среќа и успех и молитви за подобра иднина православните христијани денеска го чествуваат Христовото раѓање – Божик, Денот посветен на семејството, надежта и љубовта.
Златоустовата литургија се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ каде имаше голем број на верници.Г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ, до сите верници упатија божиќно послание во кое им посакаа мир и благослов од Бога.Меѓу граѓаните беа и политичарите. По завршувањето на литургијата на граѓаните од православна вероисповед тие им го честитаа Божик и им посакаа здравје, среќа, успех и радост.„На сите граѓани на Република Македонија кои ги слават овие празници, кои го слават Христовото раѓање-Божик им посакувам да имаат радост, среќа и успех во животот. Овие моменти се кога сите си посакуваме да бидеме многу посложни, да бидеме сплотени, како што вели и нашата традиција, тогаш можно е да се исполнат сите наши цели што сме ги поставиле пред нас. „Христос се роди!“ и многу среќа и радост во животот“, рече претседателот Иванов.Премиерот Никола Груевски на сите граѓани на Република Македонија им посака многу здравје, успех и спокојство во 2011 година.„Работите да одат на подобро, да биде последна година кога воопшто ја споменуваме светската економска криза и таа да исчезне засекогаш, или барем во наредните 80 години, бидејќи таа не се појавила 80 години. Да имаме напредок, да имаме сплотеност и државата да ни оди напред, да одиме сите напред. Им посакувам на сите се најдобро.„ Христос се роди!“, посака премиерот Груевски.Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски на сите граѓани им ја честиташе Новата година, а на православните христијани празникот Божик. Тој им посака здравје, среќа и успех во животот.Во однос на Република Македонија, се надевам дека оваа година ќе биде пресвртна во однос на економски, но и на политички план во однос на нашето евроатланско интегрирање и посакувам просперитет за земјата затоа што граѓаните тоа го заслужуваат и ние како политичари треба да придонесеме за тоа. „Христос се роди!“, за многу години да е празникот“, рече Вељановски.На литургијата присуствуваа и претседателот Ѓорге Иванов, вицепремиерот Васко Наумовски и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.Државниот врв по литургијата присуствуваше на Божикната трпеза која ја организираше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, а се одржа во Кабинетот на архиепископот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)