Македонија
Ивановски ја осуди изјавата за Зоран Заев
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ја осуди изјавата на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев дека сите вработени во општината се по партиска линија со книшка од СДСМ.
„Сакам да ја осудам изјавата на Зоран Заев со којашто изјави дека сите вработени во општината струмица се по партиски список. Нешто што е спротивно на реформите што Владата на Македонија ги спроведува и нешто што е спротивно на барањето на ЕУ да имаме администрација којашто е деполитизирана, ефикасна и транспарентна“, рече Ивановски.
Тој го повика градоначалникот на Струмица да ја прекине оваа практика затоа што дава јасен сигнал дека во општината треба да сте со книшка од СДСМ ако сакате да добиете вработување во државната или јавната администрација.
Пред еден месец Зоран Заев на трибина во Валандово изјави дека во општината Струмица, 2.744 луѓе се вработени со одлуки на кадровски комисии на СДСМ, од хигиеничарот во Еленица до некои директори во некоја институција што е под општината.
„За сé одлучува кадрова комисија на СДСМ. Ако сме успеале сето ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум по еден член од нивното семејство, сега поминавме во фази да ги згрижиме нивните братучеди, оти и нив сме ги молеле преку нашите активисти, затоа и сега ни е полесно во Струмица“, рече Заев на трибината во Валандово. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

