Скопје
Прв џентлaмен мото настан со хуманитарен карактер во Скопје
Во недела, во Тренд гастро бар во населба Аеродром, организаторите на првиот џентлaмен мото настан со хуманитарен карактер во Скопје, ги канат сите заинтересирани заедно да ја испратат глобалнате порака и да се подигне свеста за здравјето на мажите на еден поинаков префинет мото настан.
Оваа година, за прв пат нашиот град Скопје ќе биде дел од глобалното движење “The Distinguished Gentlemans Ride” кое е единствено од овој тип и се одржува на иста дата со иста причина во повеќе од 500 градови во светот. За поддршка на каузата, која е собирање средства и подигнување на свеста кај мажите за превенција од рак на простата, повеќе од 60 моторциклисти со уникатни мотори и специјална џентлменска гардероба ќе продефилираат низ централните скопски улици. Главен акцент на настанот е префинетиот вкус во модата и уникатност на моторциклите, со што ќе се навратиме наназад во ерата кога естетиката и деталите биле многу повеќе присутни и ценети од денес. The Distinguished Gentlemans Ride е основан во 2012 година од Mark Hawwa во Сиднеј, Австралија и како свое лого има џентлмен со луле и монокл облечен во најфин машки костум. На самиот почеток основната цел била да се разбијат негативните стереотипите за моторциклисти,да се покаже друштвената нота и собирот на мотоциклисти како позитивно нешто. Првиот настан успеал да обедини 2.500 мотоциклисти во 64 града, што било причина Mark истиот да го искорити во хумнитарни цели,воедно подигајќи ја свеста кај мажите за сопственото здравје.Доказ за тоа дека истиот е глобално прифатен се и самите бројки за настаните во годините по првата организација до денес:
-2013 година повеќе од 11000 мотоциклисти во 145 града и собрани донации од 277.000$ за истражувања на рак на простатата-2014 година повеќе од 20.000 учесници во 257 града и 58 држави и собрани 1.5 милиони долари за истражувања на рак на простатата-2015 година повеќе од 37,000 учесници во 410 градови и 79 држави со собрани 2,3 милиони долари за истражувања на рак на простатата. Оваа година до моментов се регистрирани 50.000 учесници во повеќе од 500 градови и 90 држави и како што споменавме Скопје е еден од тие градови каде што до моментов се 67 учесници и собрани донации од околу 800 долари, што е една од најдобрите организации во регионов. Партнер на настанот е глобалната Мовембер Фондација, која е најголема глобална фондација што се грижи за здравјето на мажите.Фондацијата од 2003 година до денес брои милиони членови и собрани повеќе од 715 милиони долари кои се наменети за повеќе од 1000 проекти за рак на простатата, рак на тестисите ,како и превенциа од самоубиства кај мажите. Визијата на оваа фондација е да создаде свет каде што мажите ќе се социјално поврзани и ќе се чуствуваат слободно да зборуваат за овие болести,со што глобално би се зголемила свеста,како и превенцијата на истите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

