Црна хроника
Фатени разбојници што оперирале на територијата на Чаир и Бит пазар
Двајца скопјани на 19 годишна возраст се притворени, под сомнение дека извршиле три разбојништва и се стекнале со плен од околу 39.500 денари.
Кривичните дела пријавените ги извршиле период од крајот на минатиот месец до 10 овој месец, во вечерните часови, и тоа две на подрачје на Чаир и едно на подрачје на Бит пазар.
Првото кривично дело Д.О. и М.А. го извршиле на тој начин што откако ја пресретнале оштетената со физичка сила ја турнале на земја, со рака и ја затвориле устата, со нож ја пресекле на прстот и од раката и го одзеле мобилниот телефон, при што со трчање побегнале. Од мобилниот телефон ја извадиле сим картичката и ја фрлиле, а потоа наредниот ден го продале на Бит пазар на непознато лице, а парите ги потрошиле за свои лични потреби.
Другите две кривични дела, пак, ги извршиле на тој начин што додека оштетените се движеле по улица, тие од зад грб им се приближувале и со закана со физичка сила и со претрес по облеката од оштетените одзеле паричник и мобилни телефони.
Во просториите на ПС ОН Бит Пазар во присуство на ЈО извршено е класично препознавање на лица и предмети при што од страна на оштетените со сигурност биле препознаени пријавените.
Со потврда за привремено одземени предмети од Д.О. одземен е еден мобилен телефон и истиот е вратен на оштетениот.
Исто така од страна на полициските службеници извршен е и службен разговор со пријавенитe пришто тие во целост ги признале кривичните дела.
Инаку Д.О. е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што во периодот од 2012 /2104 година од страна на СВР Скопје поднесени се две кривични пријави. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од струмичко, со ловечка пушка усмртил куче
Вчера во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од с.Куклиш.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје
Нуркачите спасија двајца верници кои вчера се фрлаа по крстот во водите на реката Вардар во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават, по што од нуркачки тимови биле извадени надвор од водата.
Двајцата со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Црна хроника
Уапсен водич на навивачка група во Тетово
Вчера во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група.
Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“.
Тој е задржан во полициска станица, извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

