Контакт

Македонија

Георгиевски: Кривично дело е ако му кажам на Стојменов дека е доушник

Објавено пред

„Борис Стојменов пред два-три дена ме повика на дуел.  Јас со Стојменов можам со задоволство да направам дуел за економија и за политика.

dobivaj vesti na viber

„Борис Стојменов пред два-три дена ме повика на дуел.  Јас со Стојменов можам со задоволство да направам дуел за економија и за политика. Но на Стојменов не можам да му кажам ниту пред вас новинарите, ниту нему лично  дека е доушник, затоа што тоа е тешко кривично дело. Исто така не може ниту документите да му ги дадам, бидејќи исто така и тоа е кривично дело.     Единствен кој е одговорен и кој може да каже дека некои документи се легитимни тоа е Комисијата за лустрација“, изјави денеска поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски.

„Има една работа која за жал Комисијата се обидува да ја стави настрана. Информацијата дека во последната етапа е дискутирано и гласано за најмалку тројца луѓе, еден уставен судија и двајца пратеници, ја даде самата Комисија за лустрација. Таа не ја измислија ниту новинарите, ниту политичарите. Значи таа информација излезе и беше објавена од самата Комисија. И понатаму останувам на тоа прашање, таа да одговори за кои други двајца пратеници, покрај уставниот судија се гласало. Зошто се гласало со 7:3. Кои се тие луѓе?“, рече Георгиевски.

Според него за случајот со Стојменов не се работи за купување на пратеник, туку  како што рече за договор за земање под капа од власта на уште еден медиум во Македонија .

На новинарското прашање зошто лустрацијата не била спроведена во времето кога тој беше на премиерското место, Георгиевски одговори дека од тројцата министри за внатрешни работи кои се смениле во неговата Влада добивал идентичен одговор дека досиеата се уништени.

„Секогаш сум го добивал ама буквално идентичниот одговор и од тројцата министри дека се е уништено, дека сите досиеја за доушници се или изгорени, или запалени , или некаде однесени. Значи дали тоа биле информации кои тие ги добивале од своите соработници и не сакале да се потрудат да се позанимаваат со тој проблем, јас не знам во што е причината. Значи ако министрите ви кажуваат дека нема досиеја, зошто вие ќе правите лустрација кога знаете дека ќе пукате во празно“, вели Георгиевски.

Според него потребно е да се направат измени во Законот за лустрација и тој да важи до денес и имињата на доушниците да бидат јавно објавени.

„Посебно ми е задоволство што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ позитивно ја прифати провокацијата од моја страна која беше направена во отвореното писмо до премиерот Груевски и еве сега ветуваат дека лустрацијата која требаше да биде умрен процес после ова единствено лустрирање на уставниот судија, повторно заживува, повторно ќе се зборува за неа и се надевам дека само сега ќе си стојат на зборот. Што побрзо Закон и што побрзо  донесување на тој закон кој што сега го нудат“, изјави Георгиевски.

И пратеникот Стојан Андов смета дека е потребно да се направи интервенција во законот и тоа треба да биде внимателно направено, бидејќи како што рече има многу случаи кои и по 91та  продолжиле да бидат оперативни и тие не се отвораат бидејќи се оперативни.

„Основно е тука да се остави Комисијата да си ја работи својата работа, да не и се вплеткуваат различни странични притисоци како што е со надгласувањето . Исто така не треба нејзината работа да се употребува за партиски цели“, вели Андов./крај/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ е на раб на исчезнување по изборното цунами, велат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат Филипче да си поднесе оставка

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека Социјалдемократскиот сојуз доживеал изборно цунами на локалните избори и дека партијата, под водство на Венко Филипче и под, како што велат, менторство на Зоран Заев, е на праг да биде избришана од политичката сцена во државата.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението, СДСМ – партијата кога важела за најголем политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ, сега е трета партија на државно ниво, а во рамки на градот Скопје – петта.

„Овој историски дебакл има име и презиме – Венко Филипче, кој поразот го претставува како успех, а под диктат на неговиот ментор Зоран Заев, партијата ја дотурка до раб на исчезнување“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Филипче не се дистанцирал од Заев и неговите политики и дека партијата и натаму функционира под негово диригенство.

Во соопштението се наведува дека СДС на локалните избори освоил 126 илјади гласа и околу 230 советнички места, победувајќи во шест општини, при што ги изгубил повеќето градови каде што традиционално доминирал.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека народот ја казнил безидејноста и аздисаноста и оти во партијата нема реформи, туку се прават обиди за спас на Филипче и прикривање на вистинскиот виновник.

Во заклучок, партијата наведува дека е потребна итна оставка на Венко Филипче и целосна промена во врвот на СДС, бидејќи, како што се додава, на Македонија ѝ е потребна вистинска, консолидирана и силна опозиција со кредибилитет.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Влен“: Ја симнавме маската на оние што со години го сметаа албанскиот глас за своја лична сопственост

Објавено пред

„Албанците не паднаа во замката на „референдумот“ што ДУИ/НАИ, со Ахмети, Таравари и Села, се обидоа да го продават како некакo политички спас. Таа манипулативна кампања, изградена врз лаги и лажен патриотизам, се урна пред волјата на Албанците кои јасно го кажаа својот збор. Со освоени десет општини, ВЛЕН им го одзеде алибито и им ја симна маската на оние што со години го сметаа албанскиот глас за своја лична сопственост“, велат од „Влен“.

dobivaj vesti na viber

„Сега бараат виновници на сите страни, само не кај себе. А како врв на апсурдот се обидуваат Блерим Беџети да го прикажат како симбол на „промената“. Тоа е вистинското лице на ДУИ, партија која дури и во пораз не е способна да се соочи со реалноста.

Говорат за „анализа“ и „реформа“, но ДУИ не може да се реформира, затоа што никогаш не ја разбра суштината на тој збор. За нив, власта никогаш не била средство за служба на народот, туку кислород за преживување. А сега, кога власта им се излизга од рацете, тонат во паника и самозалажување.

Додека тие тонеат во сопствената криза, ВЛЕН оди напред со довербата на граѓаните, со чисти раце и со политика што му служи на народот, а не на лични интереси“, се додава во соопштението на „Влен“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Објавено пред

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.

dobivaj vesti na viber

„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.

Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа1 час

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет2 часа

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа3 часа

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет3 часа

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет3 часа

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа3 часа

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет3 часа

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија19 часа

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ20 часа

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија21 час

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Регион21 час

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...

Регион1 ден

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5. кат сме, се тресевме 10-ина секунди“

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8.16 часот наутро, а беше почувствуван и...

Македонија1 ден

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа1 ден

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион1 ден

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет1 ден

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа1 ден

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Македонија1 ден

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...