Компании
Приходите на Apple скокнаа 33 отсто, цената на акцијата остро падне
Приходите на Apple во изминатото тромесечје скокнаа за 33 отсто во однос на истиот период лани, на 49,6 милијарди долари, а покрај тоа што силно порасна и добивката, цената на акцијата на Apple потона за над 6 отсто.
Деловниот извештај, објавен во вторник, покажува дека Apple во изминатиот квартал остари чиста добивка од 10,7 милијарди долари, што е 38 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Тоа е и рекордна добивка на компанијата за второто тромесечје, кое за Apple вообичаено е послабо од останатите квартали бидејќи многу купувачи се воздржуваат од купување на iPhone чекаат нови модели на есен.
Меѓутоа, во изминатото тромесечје Apple продаде 47,5 милиони iPhone, 35 отсто повеќе во однос на лани, што се должи на силниот раст на продажбата во Кина.
Значително порасна и продажбата на компјутерите Mac, за девет отсто, на 4,8 милиони.
Сепак, и натаму паѓа продажбата на iPad таблети поради зголемување на притисоците на евтини модели темелени на оперативниот систем Андроид на Google. Во изминатото тромесечје Apple продаде 10,9 милиони iPad таблети, што е18 отсто помалку во однос на истиот период лани.
Иако не изнесе податоци во бројки, извршниот директор на Тим Кук рече дека Apple Watch сјајно стартуваше и дека продажбата на паметниот часовник во првие месеци ги надмина очекувањата.
Apple Watch е првиот нов производ откако Кук го презеде раководењето на компанијата, па аналитичарите велат дека успехот на овој производ ќе покаже дали Apple и натаму е иновативна компанија, како што беше додека ја водеше Стив Џобс.
Иако деловните резултати на Apple се подобри од очекувањата на аналитичарите, цената на акцијата на најголемата светска компанија по пазарна вредност вчера на Волстрит падна за над 6 отсто.
Аналитичарите сметаат дека тоа е последица на послабите од очекуваните проценки на Apple за натамошноито работење . Компанијата, имено, објави дека во тековниот трет квартал очекува приходи помеѓу 49 и 51 долари, додека аналитичарите во просек предвидуваа 51,13 милијарди. /крај/мф/ап
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

