Економија
Грција останува во преговарите со кредиторите за намалување на расходите
Грција останува во преговорие со „тројката“ меѓународни кредитори (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) за намалување на расходите за 1,3 милијарди евра во 2012 година
Грција останува во преговорие со „тројката“ меѓународни кредитори (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) за намалување на расходите за 1,3 милијарди евра во 2012 година, јави во понеделникот доцна навечер Атинската новинска агенција повикувајќи се на извори блиски до преговорите.Грција се обидува да го избегне банкротот доколку го постигне договорот со „тројката“ за новиот пакет финансиска помош во висина од 130-милијарди евра , а со приватните кредитори држатели на нејзините државни обврзници за реструктуирање на грчкиот долг, кој би можел да достигне 70 отсто од номиналната вредност. Банките и инвестициските фондови кај себе држат повеќе од 200 милијарди евра од вкупниот грчки долг од 360 милијарди евра. Отписот на обврзниците мора да биде „доброволно“ од страна на кредиторите со цел да се избегне криза на глобалниот финансиски систем, но доволно големи за да и’ овозможи на Грција да го намали долгот на подолг рок. Претходно, коалициската влада вети дека ќе ги намали трошоците за тековната година на 1,5 отсто од БДП-то, или околу 3,3 до 3,5 милијарди евра со цел да се постигнат целите поставени за намалување на буџетскиот дефицит. Грција во минатото постојано ја избегнуваше прогрмата за намалување на дефицитот поради тоа што намалувањето на расходите ќе предизвика и пад на потрошувачката и како резултат на тоа, на даночните приходи.Според агенцијата, владата и претставниците на „тројката“ се согласиле да се намалат трошоците за здравствена заштита од 1,1 милијарди евра, истовремено со намалувањето на субвенциите за локалната самоуправа за 440 милиони евра, како и расходие за одбраната за 400 милиони евра. Другите ставки за намалување на расходите допрва треба да се утврдат.Владата во Атина претходно во понеделникот обајви дека ќе ги исполни и другите услови на кредиторите, што вклучува и отпуштање од работа на 15 илјади државни службеници во тековната година, намалувањето на минималната плата, а можеби и дел од фондовите за пензиско осигурување.Преговорите со доверителите, кои требаше да бидат завршени во неделата, баа одложени за неодреден период, а во меѓувреме официјални претставници на ЕУ се закануваат со банкрот на Грција, освен ако не се согласи да ги исполни барањата. Во петокот и саботата, разговорите беа стопирани откако лидерите на политичките партии кои ја формираат грчката коалициска влада, протестираа против одредени одредби од програмата за помош. Имено „тројката“ бара, меѓу другото, да се укинат исплатите на 13-та и 14-та плата, коишто ги добиваат работниците во приватниот сектор (за државни службеници, овие плати беа поригорозно скусени уште во 2010 година). Исто така, според кредитори, треба да се намали и висината на минималната плата, која изнесува 750 евра.
Покрај тоа, Грција ќе ја добиете новата кредитна линија само ако има намалување на буџетскиот дефицит од околу 2 отсто од БДП годишно, што многумина го сметаат за нереално. Во минатото, остриот пад на трошоците доведе до намалување на севкупната побарувачка и, следствено, намалување на даночните приходи на државата со последователно зголемување на дефицитот. Грција првично вети дека ќе го намали дефицитот во 2011 година да изнесува 10,6 отсто од БДП на 7,4 отсто од БДП, но реалната бројка би требало да биде на крајот, околу 9,5 отсто од БДП-то. Договорот мора да биде имплементиран до 20-ти март, кога Грција ќе мора да отплати 14,5 милијарди евра камати на нејзините државни обврзници. Притоа, договорот треба да биде постигнат во следните неколку дена, или технички сложената трансакција може да остане нереализирана поради недостигот од време./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

